10 слатки начини да му кажете на вашиот партнер дека го сакате

Без разлика дали прв пат му изјавувате љубов на вашиот партнер или уште еднаш го потсетувате колку го сакате, сега е совршеното време за да го сторите тоа. Експертите за романтични идеи ни помогнаа да создадеме листа со идеи што на секоја девојка ќе ѝ го олеснат изговарањето на тие два слатки збора – Те сакам.

1-10-najslatki-nachini-za-da-mu-kazhete-na-vashiot-partner-deka-go-sakate-www.kafepauza.mk_

1. Љубов под ѕвездите

Предложете му некоја вечер да прошетате во парк и заедно да ги набљудувате ѕвездите на небото. Не постои скоро ништо толку романтично како уживањето под сјајот на ѕвездите со саканата личност. Прегрнете го и тивко шепнете му колку ви значи.

2. Љубов во кревет

Легнете во кревет, свртете го грбот, галете се и полека потонете во сон. Почекајте го моментот кога тој скоро не заспал, а пота свртете се и шепнете му нежно: „Те сакам“. Тоа ќе звучи потполно природно во моментите кога е опуштен, удобно сместен и кога сте толку блиски и поврзани.

3. Љубов во текот на домашните обврски

Ако постои некоја домашна задача која за него е премногу тешка, како сложувањето или пеглањето на облеката, некоја вечер започнете да го правите тоа без никаква најава. Кога ќе ви се заблагодари, одговорите: „Нема за што, го правам тоа затоа што те сакам“.

2-10-najslatki-nachini-za-da-mu-kazhete-na-vashiot-partner-deka-go-sakate-www.kafepauza.mk_

4. Љубов со шампањ

Подгответе романтична вечера. После јадењето изненадете го со шише шампањ и наздравете за тоа колку добар пар сте. Веќе после првата голтка, погледнете го во очи и изјавете му љубов.

5. Љубов под тушот

Почекајте вашиот партнер да замине под туш, а потоа прикрадете се и напишете „Те сакам“ на замагленото огледало. Нечујно излезете од бањата и чекате тој да ја види вашата порака.

6. Љубов со жижици

Купете неколку жижици и заедно запалете ги. Кога ќе почувствувате дека ве набљудува вас, а не искрите, обидете се да нацртате срце во воздухот, а потоа намигнете му. Трагата од срцето ќе се задржи доволно долго за тој да ја види.

7. Љубов на високи потпетици

Некоја вечер средете се најдобро што можете и излезете на пијачка. После неколку коктели (но не премногу), загледајте се во неговите очи и кажете му колку го сакате. Таквото признание, кога ќе го слушне од вас во најубавото издание и тоа на јавно место, ќе го направи горд што токму таква девојка го избрала него.

8. Љубов од „стара школа“

Како што нашите родители правеле во осумдесеттите со касети, така и вие снимете му на вашиот партнер CD со песни чии текстови се однесуваат на некои важни и весели моменти во вашата врска или во кои се спомнуваат вашите имиња. На пакувањето напишете: „Те сакам“ или нешто слично и сокријте го помеѓу неговите работи за тој случајно да го пронајде.

9. Љубов во текот на работното време

Додека вашиот партнер е на работа, испратете му порака која ќе содржи само две букви Т.С. Тоа ќе му измами насмевка на лицето.

10. Љубов секогаш и секаде

Ова точка ја оставаме на вас за да бидете креативни! Што и да направите, нема да погрешите.

Ви предлагаме да ги погледнете овие идеи за љубовен состанок со саканиот кога времето е студено.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар