6. Тестенини со пекорино и црн пипер (Cacio E Pepe)
Потребни состојки за 2 порции:
180 г шпагети
2 лажици несолен путер
1 лажица+ ½ лажиче мелен бибер, или грубо иситнет
200 грама исечкано пекорино сирење
Начин на подготовка:
Во големо тенџере ставете вода да се вари и притоа посолете ја. Кога ќе почне да врие, ставете ги шпагетите. Нека се варат минута-две помалку од инструкциите на пакувањето.
Неколку минути пред да биде готово, во големо тавче на средна температура растопете го путерот и додадете бибер. Потоа додадете ги шпагетите и доварете ги. Додадете една лажица вода од тестенините и обична вода и мешајте.
Во еднакви слоеви, колку што можете побрзо турете го пекориното и мешајте сѐ додека не се формира крем околу тестенините. Ако е премногу суво, додадете вода од тестенините.
Се сервира топло, а ако сакате можете да украсите со пекорино и бибер.