10 рецепти кои се одлични за во есен

Есента е период во кој започнуваат многу работи: новата школска година, нови модни трендови, како и најважното – поладно време. Веќе пристигнуваат новите производи за новата сезона. Оваа колекција на прекрасни рецепти, не само што ќе ве подготви за студената сезона кога доаѓа, туку и ќе ви донесе слатко уживање во секое залче.

Супи, салати, тестенини, пити, месо, рижото, па дури и десерти и есенски напитоци – во оваа листа ќе најдете рецепти за секакви вкусови и за секој дел од оброкот.

1. Крем супа од карфиол

1-10-recepti-koi-se-odlichni-za-vo-esen-kafepauza.mk

Време на подготовка: 1 час и 20 минути
Потребни состојки за 6 порции:
  • 1 лажица путер
  • 1 лажиче маслиново масло
  • 1 струк праз (само светлозелениот дел)
  • 1 мала главица кромид
  • 1 мала главица карфиол
  • вода
  • сол и бибер
Начин на подготовка:
  1. Во големо тенџере со двојно дно, ставете ги путерот и маслиново масло да се загреат на средна температура.
  2. Потоа отстранете ја дршката од карфиолот и тенко исечкајте ја на крукчиња. Останатиот дел од карфиолот исечкајте го во форма на цветчиња и измешајте го со претходно исечканата дршка.
  3. Тенко исечкајте ги и празот и кромидот и додадете ги во тенџерето. Пржете околу 3-5 минути, односно сѐ додека не омекнат. Додадете ¾ од карфиолот, а остатокот зачувајте го за подоцна. Зачинете со сол и бибер, а потоа пржете околу 5 минути.
  4. Додадете доволно вода, така што ќе го покрие тенџерето (околу 4 чаши) и ставете капак. Полека мешајте додека се вари, а откако ќе почне да врие, намалете ја температурата. Мешајте уште 45 минути.
  5. Додадете го преостанатиот дел од карфиолот и варете уште додатни 15 минути, или додека не омекне.
  6. Направете пире од супата користејќи блендер. Во случај на преголема густина, додадете вода.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. Гладен Reply

    Од кога тоа сланината е „панчета“?

Остави коментар