10 работи што не смеете да ги чувате во подрум

Подрумите и сличните простории се одлични за складирање на работите што не ги користите често, но дали ладниот и затворен простор е најдоброто место за сите нив? Пред да складирате нешто во вашиот подрум размислете убаво дали ќе „преживее“ во такви услови. Наш совет е да избегнувате да ги складирате следниве предмети во подрумите…

1. Играчки

Полнетите и кадифените играчки не би требало да се чуваат во подрум бидејќи собираат прашина, влага, инсекти, па дури и глувци. Со времето ќе се уништат и ќе бидат потенцијален извор на зарази. Ако не сакате да ги подарите, а немате каде да ги ставите освен во подрум, набавете кутии со херметичко затворање и ставете ги играчките во нив.

2. Книги

Ако планирате вашите книги од детството да ги зачувате за вашите деца, чувањето во подрум не е добро решение. Со текот на времето лепакот што ги држи страниците ќе попушти, листовите ќе станат жолти, а постои и ризик тие да бидат изедени од глувци и други инсекти.

3. Теписи

Завитканите теписи се феноменален дом за инсекти и глувци. Исто така, влакната од теписите собираат влага и лош мирис поради што тие со текот на времето ќе се распаднат.

4. Дрва за огрев

Не е добра идеја бидејќи дрвата влечат влага поради што потешко ќе горат.

5. Запаливи супстанци

Секако дека прво место што ни паѓа на памет за складирање на фарбите, горивото за скара и керозинот е подрумот. Но, чувањето запаливи супстанци таму може да биде многу опасно, особено ако во близина постои печка, грејач за вода, машина за сушење… Попаметно е да ги оставите во гаража или во шупа.

6. Мебел

Ако не сакате да мувлоса, чувајте го мебелот подалеку од подрумот.

7. Стара облека

Секое друго место е подобро од подрумот. Молците најмногу ја сакаат облеката, особено кожата, крзното и волната, а подрумот е нивен малечок рај.

8. Електронски уреди

Ако сакате да зачувате некој стар уред, складирајте го на некое друго место бидејќи влагата и ниските/високите температури можат да го уништат.

9. Важни документи, хартии, фотографии

Влагата и водата можат целосно да ги уништат. Ако немате друг избор, хартиите и фотографиите соберете ги во пластична кутија, па потоа ставете ги во подрум.

10. Храна

Подрумот е омиленото место за чување зимници и зеленчук, но не е паметно цела храна да се чува таму. Сите намирници што можат да се расипат треба да ги држите подалеку од подрумот бидејќи привлекуваат мувла и инсекти.

Прочитајте и кои 10 предмети непотребно ги собирате во вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар