10 предмети кои непотребно ги собирате во вашиот дом

10 предмети кои непотребно ги собирате во вашиот дом

Веројатно не размислувате премногу за тоа, но сигурно сте насобрале безброј непотребни работи во вашиот дом. Бидејќи пролетта е совршен период за чистење на домот, погледнете од кои предмети е најдобро да се ослободите.

10 предмети кои непотребно ги собирате во вашиот дом

1. Чаши и шолји

Речиси сите луѓе имаат премногу чаши и шолји. Овие предмети ги собираме со години, ги купуваме, ги добиваме како подарок, а некои сме ги наследиле од родителите или бабите. Сигурно не можете да испиете толку кафе колку што имате шолји во домот. За да добиете малку повеќе простор, зачувајте ги најубавите чаши и шолји, а другите можете да ги подарите. За неколку денови нема ни да забележите дека дел од нив недостасуваат.

2. Торби и вреќи

Можеби ги сакате платнените торби за купување бидејќи можете да ги користите повеќе пати. Но, сигурно не ви се потребни 10 торби за купување. Па, зачувајте ги оние што ги сакате најмногу, а другите подарете ги. На истиот начин би требало да се ослободите и од пластичните кеси.

3. Пенкала и моливи

Колку пенкала и моливи имате расфрлано низ домот? Сигурно не ги употребувате сите, па слободно исфрлете го поголемиот дел.

4. Хартија и кеси за подароци

Сите сакаме да даваме подароци, но тоа не значи дека треба да го претворите домот во оддел за завиткување подароци. Сосема во ред е да имате малку хартија и неколку кеси за подароци, но не треба да претерувате.

5. Крпи

Има нешто магично во крпите што не ни дозволува да ги фрлиме. Најверојатно најстарите крпи ги користите за вежбање или за на базен, а дома сепак ги користите оние 2-3 кои ви се на дофат во орманот.

6. Садови за чување храна

Нема дом кој не е полн со разновидни садови за складирање храна. Голема е веројатноста и дел од садовите да немаат капак. Добро размислете колку вакви кутии ви се потребни и ослободете се од останатите.

7. Книги

Оној што сака да чита, во еден момент од животот ќе има премногу книги. Сигурно на вашата полица се наоѓаат книги кои нема никогаш да ги отворите или книги кои ви немаат никакво значење. Слободно донирајте ги или подарете ги и ослободете место на полиците.

8. Закачалки

Веројатно кога купувате облека, со неа земате и закачалки. Уште поверојатно е дека во гардероберот имате безброј закачалки кои воопшто не ги употребувате. Па, фрлете ги.

9. Шампони и гелови за туширање

Дисциплинираните луѓе имаат по еден шампон и еден гел за туширање, а купуваат нов откако ќе се потроши. Доколку имате неколку шампони во домот, истрошете ги сите пред да купувате нови.

10. Весници

Без разлика колку ги сакате весниците, факт е дека зафаќаат многу простор. Изгледа како постојано да се множат. Дали навистина ќе почнете да читате весник стар 3 години?

Погледнете и кои се останатите непотребни предмети што веднаш треба да ги исфрлите од вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар