10 работи на кои мажите помислуваат, но не ги изговараат гласно

10 работи на кои мажите помислуваат, но не ги изговараат гласно

Жените често прашуваат „На што мислиш сега?“, но на мажите не им е секогаш лесно да го споделат своето размислување на глас. Тоа не е затоа што чуваат тајни, туку затоа што имаат љубов и почит кон жените во своите животи.

Порталот YourTango направил анкета со над 500 мажи во која требало да одговорат на што размислувале кога им било поставено прашањето, но се плашеле да го споделат тоа со своите партнерки. Одговорите на анкетата биле доста слични, а во продолжение се сублимирани топ 10-те кои момците најчесто ги премолчуваат.

10-raboti-na-koi-mazhite-pomisluvaat-no-ne-gi-izgovaraat-glasno-kafepauza.mk

#10: Колку пати ќе ми кажуваш за таа кучка која те мрази? Дај престани да контактираш веќе со нејзе. Најсериозно.

#9: Не гледам порно како замена за нашиот сексуален живот. Некогаш едноставно ми е потребно да се ослободам од напнатоста без емоции.

#8: Не доведувај во прашање сѐ што правам. Јас сум возрасен човек и ми треба простор. Кога ме гушиш, ме оттргнуваш од себе.

#7: Кога почнавме да се гледаме, имаше депилирани нозе и шминка секој ден. Таа е жената за која фантазирам. Што се случи по ѓаволите?

#6: Не сакам да бидам со слаба жена. Ако сакаш да те почитувам, заложи се за себе, само немој да станеш идиот кога ќе го направиш тоа.

#5: Немој да ги користиш моите грешки од минатото против мене. Човек сум, понекогаш оплескувам. Исто како и ти.

#4: Ако ми поставиш прашање и ако сакаш да ти одговорам искрено, немој да се вадиш од такт кога ќе добиеш таков одговор. Едноставно не можам да победам во таква ситуација.

#3: Во ред е ти понекогаш да бидеш главна во спалната соба. Тоа всушност ќе ми помогне малку да се олабавам и да се препуштам на она за што фантазирам.

#2: Се грижам за многу работи. Не ги споделувам со тебе бидејќи не сакам да мислиш дека сум слабак и дека не можам да излезам на крај со нив.

#1 (нерешено): Потребно ми е да се гордееш со мене и она што го правам. Но твојата гордост треба да ја даваш слободно, не е исто ако јас ја побарам од тебе.

1# (нерешено): Те молам, побогу, кажи ми што сакаш. Не можам да ти ги прочитам мислите, а се чувствувам како губитник кога не можам да ги поправам работите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар