10 работи кои вистинските пријатели не ги прават

Пријателството е вистинско богатство и паметниот човек секогаш вложува многу во своите пријателства. Но доколку личноста која ја сметате за пријател не се однесува така, можеби е крајно време да се прашате дали заслужува и понатаму да ја има истата титула. Ова се 10-те работи кои вистинските пријатели никогаш не ги прават.

10 работи кои вистинските пријатели не ги прават

1. Не зборуваат за вас позади вашиот грб

Ако одбрале да ги шират работите кои сте им ги кажале во доверба, воопшто не заслужуваат да ги вброите во листата на пријатели.

2. Не прават да се чувствувате лошо

Вистинските пријатели нема да се служат со ниски удари. Нема да ве нападнат правејќи да се чувствувате безвредно и лошо. Напротив, вистинскиот пријател прави да се чувствувате удобно во негово друштво и го истакнува најдоброто од вас.

3. Не покажуваат непочитување кон вашите мислења и ставови

Секако дека нема да се согласувате за сè, дури е и корисно со вашиот пријател да имате по малку различни гледишта за некои работи, бидејќи тоа и вам ќе ви овозможи да ги погледнете нештата од поинаква перспектива. Но тоа што сте по малку различни, не треба да биде причина за кавги и несогласувања. Вистинскиот пријател ќе го почитува вашето мислење и тогаш кога воопшто не се согласува со вас. Едноставно нема да ве осудува бидејќи на некои нешта гледате различно од него/неа.

4. Не ве прекинуваат додека зборувате

Оној кој е толку полн со себеси и секогаш бара начин да се истакне себеси и своите ставови, додека вас ве става во сенка и нема намера вистински да ве ислуша, не ви е вистински пријател. Всушност, тој/таа не му е вистински пријател никому. Таквите личности обично си се доволни самите себе.

5. Не ве обесхрабруваат

Вашите соништа и планови звучат смешно и неостварливо? Сеедно, тие ќе бидат покрај вас давајќи ви поттик и тогаш кога ќе изгубите верба во себе. Да, ќе бидат тука да го кажат своето мислење и да ви понудат совет, но никогаш нема да го убијат вашиот дух.

6. Не ве осудуваат поради минатото

Секој си има минато, но вистинскиот пријател нема да ве осудува поради работите кои сте ги правеле порано. Ќе ве почитува како личност и како пријател и ќе ве мотивира да го истакнете најдоброто од себе без оглед на случувањата од минатото.

7. Нема да ве напуштат за време на социјални збиднувања

Доколку сте на забава каде не познавате никого, пријателот секогаш ќе биде покрај вас. Вистинската пријателка не ја остава својата другарка да се враќа сама дома само бидејќи запознала добар фраер. Едноставно вистинските пријатели сочувствуваат со вас и не ве напуштаат.

8. Не ви завидуваат на успехот

Напротив, ќе бидат горди што сте нивни пријатели. Ќе кажуваат за вас и ќе се фалат со вас. Вистинските пријатели се тука и во добро и во лошо. Покрај вас ќе бидат и кога целиот свет ви се распаѓа, но што е уште поважно тука ќе бидат и да го прослават вашиот успех. Вистинскиот пријател наздравува во име на она што сте го постигнале, а не се јадосува за она што го нема.

9. Не пробуваат да ве променат

Ќе ве прифатат со сите ваши маани и предности. Вашите маани дури на некој начин ќе ги прифатат како свои. Секој има свои негативности, а вистинскиот пријател нема да пробува да ве „поправи“ за да му бидете „по мерка“. Сите ние сме далеку од совршени, затоа апсурдно е да бараме некој друг да биде совршен за нас.

10. Не го потценуваат вашето пријателство

Го вреднуваат вашето пријателство и знаат дека сте им потребни во нивниот живот. Пријателството не подразбира само пиење кафе и озборување, или гледање фудбал и коментирање за натпреварот. Пријателство значи да имаш на некој начин сродна душа која те разбира, поддржува и вреднува. Вистинските пријатели се благодарни што ве имаат за свои пријатели и не се подготвени вашето пријателство да го стават на коцка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. me Reply

    Тешко дека во денешно време ќе најдеш некој што не ги прави овие работи.

  2. Katherine Reply

    Или * Работи што вашите измислени пријатели не ги прават *

  3. salkdn22 Reply

    Thank you for opening my eyes… 🙂

Остави коментар