Рецепт за домашна калуа

Рецепт за домашна калуа

Едноставен рецепт за ликерот кој ќе му даде поинаков шмек на вашето кафе

Калуа е ликер од кафе кој е најдобриот избор кога во вашето кафе сакате да додадете малку алкохол, а без притоа да го уништите интензивниот вкус на кафето.

ecept-za-domashna-kalua-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:
  • 600 мл сварено многу јако кафе
  • 800 грама шеќер
  • 600 мл вотка
  • едно стапче ванила исечено на 3 дела
Начин на подготовка:

Додадете го шеќерот во кафето додека тоа е сѐ уште врело и мешајте додека шеќерот не се растопи. Потоа оставете да се излади на собна температура, па додајте ја вотката. Оваа смеса разделете ја во три различни шишиња во кои ќе додадете по еден дел од стапчето ванила. Добро затворете ги шишињата и оставете ги да отстојат три недели. Потоа процедете го ликерот во друго шише и ќе биде спремен за консумирање.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар