10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Без разлика дали сакате долги или кратки нокти, со или без лак, силните и сјајни нокти секогаш покажуваат дека вашето здравје е добро. За среќа, постојат природни начини да ја подобрите состојбата на вашите нокти.

1. Витамин Е

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Маслото со витамин Е ја подобрува не само состојбата на ноктите, туку и на нивното лежиште. Познато е дека маслото ги обновува и ги зајакнува оштетените и кршливи нокти, а ги лекува и кутикулите.

Маслото нанесете го директно на ноктите и прстите.

2. Кокосово масло

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Кокосовото масло е добар антиоксиданс, па ги штити ноктите од негативните ефекти на слободните радикали. Исто така кокосовото масло има антибактериски и антигабични карактеристики.

Нанесете топло кокосово масло на ноктите и кожата околу нив и масирајте додека не се впие.

3. Јаболков оцет

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Јаболковиот оцет е одличен за зајакнување на ноктите и омекнување на кутикулите, а го забрзува и нивниот раст.

Додајте една лажица јаболков оцет во чаша вода и накиснете ги ноктите неколку минути. Можете да повторувате додека не го добиете посакуваниот резултат.

4. Масло од чајно дрво

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Маслото од чајно дрво е многу добар антисептик и има антигабични својства. Немојте да нанесувате чисто масло од чајно дрво. Секогаш разредете го со друго масло.

Измешајте 2 капки масло од чајно дрво со половина лажица маслиново, бадемово или кокосово масло. Нанесете на ноктите и на кожата околу нив и масирајте неколку минути.

5. Лимонов сок

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Лимонот е богат со витамин Ц, а ова го забрзува лачењето на колаген и ги прави ноктите посилни. Сокот од лимон исто така ги осветлува ноктите и ги лекува малите пукнатини.

Исцедете половина лимон во една чаша топла вода и накиснете ги ноктите 5-10 минути.

6. Маслиново масло

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Маслиновото масло е особено добро за навлажнување на ноктите. Богато е со витамин Е и можете да го користите во комбинација со други масла.

Нанесете топло маслиново масло на ноктите. Масирајте 5-10 минути.

7. Жолчка и мед

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Жолчката содржи многу витамин А и масни киселини, што ја прави навистина ефективна за зајакнување на тенките и кршливи нокти. Исто така таа е одлична за навлажнување на кутикулите. За уште повеќе придобивки, додајте и мед кој има антигабични својства.

Измешајте една жолчка со половина лажица топол мед. Нанесете ја смесата на ноктите и кожата околу нив, оставете да делува 15 минути и исплакнете.

8. Масло од ленено семе

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Маслото од ленено семе е богато со масни киселини, минерали и антиоксиданси, па тоа го забрзува растот на ноктите.

Нанесете од маслото на ноктите и масирајте неколку минути.

9. Бадемово масло

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Бадемовото масло е богато со витамини А, Б и Е. Тоа ги поправа, навлажнува и негува ноктите и ги омекнува кутикулите.

Нанесете топло бадемово масло на ноктите и масирајте 2-3 минути.

10. Масло од јојоба

10 природни начини да се справите со кршливите нокти

Маслото од јојоба има неколку видови масни киселини, антиоксиданси, витамини и минерали. Па доколку сакате силни нокти, ова е најдобриот избор.

Нанесете топло масло од јојоба на ноктите и масирајте 2-3 минути.

Погледнете ги и овие совети за нега на нокти „украдени“ од нашите баби.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар