ТВ серија: Принцот од Пеорија (Prince of Peoria)

ТВ серија: Принцот од Пеорија (Prince of Peoria)

ТВ серија за богат 13-годишен принц што оди во Америка како студент на замена со цел да искуси нормален живот и да запознае вистински пријател

Главни улоги: Гавин Луис, Синтија Кеј Меквилијамс, Теодор Барнс, Габриел Хоган

Жанр: комедија

Креатори: Девин Буње, Ник Стентон

Премиера: 16 ноември 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 25 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 9,00 од 10)
Loading...

 

Принц Емил (Гавин Луис) воопшто не е задоволен со својот живот во палатата. Како што поминува времето, така тој сфаќа дека ќе треба да стане крал без да има можност да го искуси животот на нормалните луѓе. Токму затоа и успева да го убеди татко му да го пушти да оди во Америка, како студент на замена, со цел да „допре“ до секојдневието на обичните луѓе, да научи нешто од ова искуство, како и конечно да го пронајде својот најдобар пријател. Кралот ќе дозволи, а младиот принц ќе пристигне во малото гратче Пеорија тајно, како обичен студент, за да се заштити себеси.

Емил ќе влезе во едно од најинтересните семејства што досега сте имале можност да ги видите на малите екрани. Реџина (Синтија Кеј Меквилијамс) е самохрана мајка на Теди (Теодор Барнс), кој пак е вистински гениј. Тој постојано е посветен на работата со своите роботи, сакајќи да си го осигури својот пат за влегување на факултетот МИТ. Реџина пак, го претворила својот дом во куглана за да може да заработува и да му помага на Теди да го оствари својот сон. Доаѓањето на Емил целосно ќе ги раздрма нивните животи, но во позитивна смисла!

Реџина конечно ќе најде личност со којашто ќе може да се забавува, но и која ќе ѝ помага со секојдневните обврски. Имајте на ум дека принцот никогаш, ништо не работел во својот живот, па сега дури и чистењето тоалет му е возбудлива нова активност. Од друга страна пак, Теди ќе најде личност што ќе му покаже дека животот не е само учење, и дека постојат нешта што се можеби дури и повредни – како пријателството. Во овој момент вреди да се спомне и телохранителот на Емил, Јозеф (Габриел Хоган), кој го подигнува хуморот на ТВ серијата на сосема ново ниво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар