10 причини зошто жените не доживуваат секогаш оргазам

10 причини зошто жените не доживуваат секогаш оргазам

Некои жени не доживуваат секогаш оргазам, додека пак други поминуваат и цел живот без тоа искуство. Зошто се случува тоа? Процесот на возбудување е поделен на два дела: вклучување и исклучување. Вие треба да го „активирате забрзувачот“ во вашиот мозок, што значи да му овозможите доволно секси содржина за да се возбуди и потоа да ги „отпуштите кочниците“ во него со цел да ги елиминирате сите потенцијални закани или други причини кои би можеле да ви попречат во патот до задоволството.

10 причини зошто жените не доживуваат секогаш оргазам

Имајќи го тоа на ум, погледнете ги следниве 10 причини кои покажуваат зошто одредени жени имаат потешкотии со постигнувањето оргазам и неколку сугестии како тие можат да се справат со оваа битка…

ОЧИГЛЕДНИТЕ:

1. Сè уште учат како

Исто како и учењето на која било друга активност, така и доживувањето оргазам доаѓа полесно кај некои жени отколку кај други. Потребно е време и упорност да се научи и никој не е приморан на тоа, но сепак е забавно и секоја жена заслужува шанса барем да се обиде.

2. Тие веруваат дека едноставно не се едни од оние жени кои доживуваат оргазми

Овие жени најчесто го поминуваат целиот свој живот без оргазам, но доколку која било од нив малку повеќе се заинтересира да доживее оргазам во сексот, со доволно упорност и едноставно опуштање, без сомнение ќе успее.

3. Тие не сакаат

Можеби имале долг и напорен ден, па едноставно не им вреди за трудот или можеби тие уживаат во задоволството од самата сексуална возбуда, без да имаат цел да постигнат оргазам. Но, тие исто така можеби и ги задржуваат своите оргазми од нивните партнери бидејќи е потребно многу доверба за да се опуштите толку многу. Тоа е подарок за партнерот и води кон едно сосема ново ниво на интимност и понекогаш жените не ја чувствуваат нивната врска на тој начин.

ЗАБРЗУВАЧОТ:

4. Имаат недостаток од предигра

Многу жени веруваат дека оргазмот е нешто што едноставно може да се случи, со или без напор, само преку стимулација на клиторисот. Но, дури и тој има потреба од секси содржина, па доколку жената не е возбудена, самата стимулација на клиторисот ќе биде чудна, па дури и болна. Имајќи го тоа на ум…

5. Тие не добиваат доволно стимулација на клиторисот

Жените често се грижат дали ќе доживеат оргазам за време на сексуалниот однос, па дури третина од нив се обидуваат да го доживеат само преку пенетрација. Но, таквиот однос не е добар начин да се стимулира клиторисот, што за повеќето жени е решението за сигурно доживување оргазам. Па, доколку се двоумите, едноставно додајте повеќе стимулација на клиторисот, без разлика дали ќе го сторите тоа сами или ќе побарате помош од партнерот.

6. Тие не одвојуваат доволно време

На секоја жена ѝ е потребно различно време да доживее оргазам, започнувајќи од неколку минути, па сè до еден час, иако во просек се потребни околу 20 минути. Но, не заборавајте дека и секој оргазам е различен, па токму затоа и му е потребно различно време. Бидете трпеливи и ќе успеете.

КОЧНИЦИТЕ:

7. Тие дозволуваат нивниот мозок да „залута“

Можеби тие се наоѓаат во ситуација каде што ги напаѓаат несакани мисли како „Зошто е потребно толку време?“, „Дали на мојот партнер му е здодевно?“ или „Што ако дури ни ова не го правам како што треба?“ Постојат милиони начини на кои жената може да биде попречена од нејзините мисли, наместо да се фокусира на задоволството.

8. Тие сè уште оздравуваат од траума

Кога сексот ќе биде искористен како оружје против жената, нејзиниот мозок учи дека сите оние секси нешта можат да бидат и закани, па на овој начин тие постојано ќе ги притискаат „кочниците“ на задоволството. Со оглед на тоа што се верува дека секоја 5-та жена искусила сексуално насилство, ова правило важи за многу жени. За да ја победи траумата, на неа ѝ е потребно трпение, емпатија кон себе и можности да го изрази своето сексуално задоволство додека се чувствува безбедно во своето тело. Токму затоа таа треба да започне сама, откривајќи што му е потребно на нејзиното тело, а дури потоа кога ќе се почувствува безбедно, да вклучи и партнер во равенката.

9. Тие се загрижени за нивното тело

Многу почест проблем од траумата е засрамувањето од нивното тело кое го чувствуваат под влијание на општеството. Тие за време на сексот, наместо да уживаат, размислуваат како нивното лице изгледа или дали тој може да забележи целулит на нивното тело. Кога ќе се појават овие мисли единственото нешто што треба да се запрашате е „Зошто е тоа толку важно?“ Одговорот е едноставен. Многу жени се научени дека само оние со „совршено“ тело можат да уживаат во сексот, додека пак тие не се доволно добри за тоа. И тоа се глупости. Секоја жена има право да ужива во сексуалниот однос и да доживее оргазам, без разлика на формата на нејзиното тело.

10. Тие се грижат за својот оргазам

Жените многу често се грижат дали ќе доживеат оргазам, дури и покрај тоа што нивната возбуда расте. На тој начин мислите како „Што ако не доживеам оргазам?“, „Што ако доживеам оргазам?“ или пак, „Дали воопшто ќе знам ако доживеам оргазам“ можат навистина да попречат во неговото постигнување. Следен пат кога ќе добиете вакви мисли, вие едноставно оставете ги да си течат и насочете го вашето внимание кон сензациите на вашето тело. Оргазмот настанува кога жената го предава своето тело на сексуалната возбуда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар