ТВ серија: Полдарк (Poldark)

ТВ серија: Полдарк (Poldark)

ТВ серија за богатството и сиромаштијата, за љубовта и омразата, за правилното и погрешното…

(1) ТВ серија: Полдарк (Poldark)Главни улоги: Ејдан Турнер, Елеонор Томлинсон, Хејда Рид

Жанр: драма

Креатор: Деби Хорсфилд

Премиера: 8 март 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 9,75 од 10)
Loading...

Станува збор за ТВ серија базирана според првите два дела од новелите „Poldark“, напишани од страна на Винстон Греам. Во последно време сериите кои имаме можност да ги гледаме на малите екрани се исполнети со многу насилство, акција и експлицитни сцени. Скоро и да ги снема оние, па ајде да ги наречеме културни приказни кои нè исполнуваат со позитивни чувства и предизвикуваат да се чувствуваме малку подобро во овој хаотичен свет. Но, Полдарк е токму една од тие приказни, па токму затоа и нема да можете да престанете да ја гледате.

(2) ТВ серија: Полдарк (Poldark)

Во доцниот 18-ти век, Рос Полдарк (Ејдан Турнер) по долги 3 години војување во американската револуција, ќе се врати во своето мало гратче, Корнвол, Англија. Неговото враќање ќе биде големо изненадување бидејќи сите негови блиски мислеле дека тој е одамна мртов. Рос верувал дека ќе се врати на стариот живот, но изгледа дека 3 години е доволно време за работите целосно да се изменат. Тој веднаш откако ќе пристигне ќе открие дека неговиот татко е мртов, неговиот рудник затворен и најважно од сè, девојката која ја љуби е верена за неговиот братучед. Неговиот дом е во комплетен хаос, а неговото наследство целосно изгубено.

(3) ТВ серија: Полдарк (Poldark) (4) ТВ серија: Полдарк (Poldark)

Да беше кој било друг човек на негово место, тој одма би се откажал од сè и би заминал на друго место да си ја бара среќата. Но, не и Рос. Тој е еден од ретките мажи со силно чувство за правда и праведност, па токму затоа ќе се обиде сам да ги врати сите работи во нормала така што ќе им ја врати работата на сите рудари кои изгубиле сè со затворањето на рудникот на татко му. Тој исто така им помага безрезервно на сите, несебично, па поради одредени негови постапки, некои од неговите побогати „пријатели“ го нарекуваат и Робин Худ. Поради својата великодушност, тој ќе ѝ ги отворите вратите од својот дом и на Демелза (Елеонор Томлинсон), понудувајќи ѝ работа во неговата кујна со цел да избега од нејзиниот татко.

(5) ТВ серија: Полдарк (Poldark) (6) ТВ серија: Полдарк (Poldark)

Полдарк доаѓа од богато, имотно и познато семејство, па токму затоа сите млади девојки сакаат да бидат покрај него. Во тоа време репутацијата на девојката е поважна и од нејзината среќа. Можеби токму тоа е и една од причините зошто Елизабет (Хејда Рид), девојката која тој мислел дека ќе го чека, го дала својот збор на неговиот братучед. Но, Рос не се грижи многу за изгледот, ниту пак за репутацијата, па токму тоа ќе го доведе до една сосема нова љубов која никој не би можел да претпостави дека е можна. Токму оваа љубов, ќе му даде сила да продолжи понатаму, дури и покрај сите оние нешта кои работат против него.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар