10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се од витално значење за нашата општа благосостојба, особено за изгледот на нашата кожа. Но, дали сте знаеле дека некои овошја особено ѝ годат на кожата? Ова се 10-те овошја кои мора да ги набавите доколку сакате здрава, сјајна кожа која ќе направи да зрачите…

1. Боровинки

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Овие „мали сини динамити“ имаат голема хранлива вредност, зачудувачка за нивната големина. Тие се фантастичен извор на антиоксиданси и се богати со влакна и витамините А и Ц. Доколку ги вклучите во вашата исхрана, веднаш ќе забележите неверојатни резултати.

2. Јаболка

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Јаболката можеби не е модерно овошје, но постои добра причина зошто тоа може да направи чуда за вашата кожа. За да ја подмладите вашата кожа, одберете ја сортата „Црвен деликатес“ бидејќи содржи голем процент колаген кој ѝ дава еластичност на кожата.

3. Лубеница

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Летото е на прагот и конечно можеме повторно да почнеме да јадеме лубеница. Слатка и освежувачка со повеќе од 90% вода, ова вкусно овошје ќе придонесе за хидратација на вашата кожа.

4. Банани

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Бананите се најдобриот извор на калиум, минерал кој е од витално значење за одржувањето на влажноста на кожата. Многу сува кожа е класичен симптом за недостаток на калиум, така што обидете се да ја вклучите бананата во вашата секојдневна исхрана.

5. Ананас

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Во некои култури ананасот се употребувал за медицински потреби со години, бидејќи тоа е единственото овошје за кое се знае дека го содржи ензимот наречен бромелин кој се бори против воспаленија на кожата и отоци.

6. Јагоди

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Кој може да одолее на чинија зрели јаготки? Слободно изедете колку што сакате, а вашата кожа ќе ви биде благодарна. Овие црвени убавици содржат големо количество на елагична киселина која ја заштитува кожата од штетното влијание на ултравиолетово зрачење и ја намалува појавата на брчки.

7. Папаја

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Папајата е овошје особено богато со витамин А и со ензимот папаин кој помага при процесот на распаѓање на неактивните протеини и при исфрлањето на мртвите клетки на кожата.

8. Киви

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Неговата чудна надворешност не соодветствува со неговата вкусна, но кисела внатрешност. Ова е овошјето кое содржи најмногу витамин Ц, а познато е дека овој витамин ѝ дава еластичност и сјај на кожата.

9. Калинка

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Исто како боровинките, така и калинката има голема хранлива вредност и позната е како супер храна. Таа содржи силни состојки кои го спречуваат стареењето и ја поттикнуваат регенерацијата на клетките на кожата.

10. Цреши

10 овошја кои ќе направат вашата кожа да добие неверојатен сјај

Црешите покрај тоа што се многу вкусни, содржат повисока концентрација антиоксиданси од кое било друго овошје, благодарение на што тие се борат со слободните радикали и на тој начин го забавуваат процесот на стареење.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар