10 освежителни и здрави рецепти за спа вода

Сигурно веќе знаете колку е важно да пиете вода. Но дали пиете доволно? Ако избегнувате да пиете вода бидејќи ви е „здодевна“, не сте единствените. Истражувањата покажале дека дури 43% од возрасните не пијат доволно вода. Но, постои начин да ја направите водата малку позабавна. Спа водата е вода во која додавате овошје, зеленчук, тревки, па дури и цветови да цел да ѝ го подобрите вкусот. Вкусна е и речиси и да нема калории. Во продолжение погледнете 10 едноставни рецепти за спа вода.

ОСВЕЖИТЕЛНИ ИДЕИ

Овие комбинации се совршени за секој период од годината. Најдобри се за летните месеци бидејќи овошјето е сезонско.

1. Јагоди, лимон и босилек

10 освежителни и здрави рецепти за спа вода

Ако сакате малку летен вкус, оваа комбинација е совршена. Јагодите и босилекот се заштитни летни вкусови, па се одлични за високите температури.

2. Боровинки, портокал и нане

10 освежителни и здрави рецепти за спа вода

Ако не сакате лимон, можете да употребите портокал. Цитрусот и нането се освежителна комбинација полна со витамин Ц и антиоксиданси.

3. Јагоди и мајчина душица

10 освежителни и здрави рецепти за спа вода

Мајчината душица ќе ви го подобри расположението и ќе ви го намали стресот. Оваа тревка содржи и витамин Б6 којшто го намалува гадењето во текот на бременоста. Има одличен вкус во комбинација со јагоди.

ДЕТОКСИКАЦИЈА И СЛАБЕЕЊЕ

Водата за детоксикација не е ништо ново. Овие рецепти ги содржат најпознатите продукти за детоксикација како лимон, краставица и ѓумбир.

4. Лимон, лимета и зелен чај

10 освежителни и здрави рецепти за спа вода

Зелениот чај е познат по тоа што помага во регулирањето на телесната тежина. Па, прескокнете ги газираните пијалаци и во водата ставете зелен чај, лимон и лимета.

5. Краставица, јагоди и киви

10 освежителни и здрави рецепти за спа вода

Краставицата изгледа како да содржи само вода, но тоа не е точно. Таа има состојки наречени стероли кои се одлични за регулирање на шеќерот во крвта.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар