10 неочекувани примени на секојдневни предмети што можат да ви го спасат животот

10 неочекувани примени на секојдневни предмети што можат да ви го спасат животот

Дали некогаш сте се изгубиле додека сте планинареле? Постојат многу ситуации во кои ќе ви биде предизвик да преживеете. Дали да се откажете или да најдете излез? За среќа, понекогаш и најобичните нешта можат да бидат решението што го барате. Сигурно дома имате барем половина од овие предмети, а не знаете за нивната алтернативна употреба.

1. Кредитна картичка

10 неочекувани примени на секојдневни предмети што можат да ви го спасат животот

Дури и на напуштено место без банкомати, кредитната картичка може да ви биде од корист. Таа е одлична алатка за отстранување осило или трн. Едноставно „гребете“ кон трнот за да го извадите полесно.

2. Конзервирана туна

10 неочекувани примени на секојдневни предмети што можат да ви го спасат животот

Конзервата туна не само што ќе ви го задоволи гладот, туку во неа има доволно масло за да гори 2-3 часа. Сè што треба да направите е мала дупка на врвот на конзервата. Во дупката вметнете памучен конец и оставете го да се накисне. Потоа само запалете го конецот и имате свеќа која гори 2-3 часа. Исто така туната ќе можете да ја јадете и откако ќе изгори.

3. Балсам за усни

10 неочекувани примени на секојдневни предмети што можат да ви го спасат животот

Балсамот за усни не само што може да ви послужи како свеќа, туку создава доволно топлина за да ја зголеми температурата во просторијата за неколку степени. Ова може да биде клучно во критични ситуации. Заврзете мало парче материјал на врвот на балсамот кој пак ќе биде како гориво. Оваа свеќа може да гори и до 2 часа.

4. Супер-лепак

10 неочекувани примени на секојдневни предмети што можат да ви го спасат животот

Ако има мала осекотина што крвави, можете да нанесете тенок слој супер-лепак. Ова ќе ја затвори раната и ќе ги спречи инфекциите. Исто така ќе запре и крвавењето. Но потребно е да бидете внимателни со лепакот. Пред сè може да предизвика чешање ако навлезе во раната. Покрај тоа не сакате да ја комплицирате раната со тоа што ќе нанесете лепило длабоко во неа.

5. Корпи од градник

10 неочекувани примени на секојдневни предмети што можат да ви го спасат животот

Ако се најдете во ситуација каде што е отежнато дишењето, има лесно решение и за тоа. Можете да ги искористите корпите од градникот за да го покриете лицето. Експертите сметаат дека ова ги спречува токсичните честички да навлезат во устата и носот бидејќи корпата добро ги покрива. Можете да ги искористите и рамките за да ја прицврстите маската.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар