10 навики на луѓето со лошо здравје

10 навики на луѓето со лошо здравје

Оние кои имаат лошo физичко и психичко здравје, сосем разбирливо имаат и „отровни“ навики кои треба да се избегнуваат. Ова се 10 лоши навики на луѓето кои не водат здрав начин на живот.

10 навики на луѓето со лошо здравје

1. Секогаш го очекуваат најлошото

Овие личности секогаш го очекуваат најлошиот исход од што било. Претпоставуваат дека никој не ги сака, дека никогаш нема да бидат успешни, дека што и да направат нивниот труд ќе биде залудно потрошен, со еден збор за себе мислат дека се вистинска збрка. Секогаш мислат дека најлошите сценарија ќе се остварат и се разбира, тоа не им носи ништо добро. Доколку уште пред да започнете што било, вие го оставате неуспехот не само како опција, туку како најверојатен резултат, тогаш најверојатно нема да успеете.

2. Не ја преземаат одговорноста за сопствените неуспеси

Веруваат дека сè што им се случува е судбина над која тие немаат никаква контрола. Тоа е бидејќи не сакаат свесно и трезвено да преземат одговорност за нивните неуспеси или за она што го направиле погрешно. Секогаш е некој друг виновен и секогаш мислат дека тие се под нечие влијание.

3. Безрезервно веруваат во реклами и најнови трендови

Нема да се распрашаат или да побараат совет од експерт. Едноставно доколку некој спомне дека одреден производ е добар, ќе го купат. Ако слушнат дека новиот производ за слабеење прави чуда, ќе го пробаат, ако за некој лек се тврди дека е добар, ќе го купат. Никогаш нема критички и реално да размислат дали тој производ ги дава саканите резултати, ниту пак дали е добар за здравјето.

4. Секогаш го одбираат полесниот пат

Секогаш очекуваат веднаш да бидат наградени за нивниот труд и сакаат инстант резултати. Кога имаат можност ќе го одберат полесниот пат бидејќи сметаат дека и со помалку работа можат да постигнат големи резултати. А дури и да не успеат, секогаш ќе можат да обвинат некој друг за тоа.

5. Не си поставуваат цели

Тие не си поставуваат цели. Не работат за вистинска промена на она што не им одговара во животот и не се трудат да го дадат најдоброто од себе. Може да речат дека сакаат нештата да се подобрат, но нема да направат стратегија за подобрување.

6. Завидливи се на туѓиот успех

Завидливи се кога некој друг е успешен. Чувствуваат лутина кога некој друг е попривлечен од нив, заработува повеќе пари или живее подобар живот. Не гледаат колку напор другата личност вложила за да ужива во она што го поседува, туку едноставно сметаат дека не е праведно што тие тоа го немаат.

10 навики на луѓето со лошо здравје

7. Не преземаат одговорност за своите здравствени проблеми

Не се однесуваат одговорно кога станува збор за нивното здравје. Доколку имаат проблеми со тежината или со некаква болест, едноставно ја префрлаат вината на гените. Наместо наследните болести или ризичните фактори на здравјето во семејството да ги сметаат за предупредување да водат поздрав начин на живот, тие ги сметаат за неизбежна несреќа.

8. Не слушаат совети од експерти

Секој кој ќе ги поттикне да преземат поголема одговорност, според нив е човек кој „соли памет“ и не знае да гледа за себе. Нема да го послушаат советот од докторот да прекинат со пушење или консумирање алкохол, ниту пак совет од стоматолог, адвокат или финансиски советник.

9. Одбегнуваат барање креативни решенија на проблемите

Веруваат дека постои еден начин да се реши некој проблем и доколку тоа не успее проблемот просто нема решение. Нема да се обидат да изнајдат поинакви, креативни начини на решавање на одредени потешкотии, туку за брзо ќе кренат раце.

10. Озборуваат

Наместо да се фокусираат како да го подобрат својот живот, тие зборуваат за туѓите животи. Шират озборувања и гласини и им годи да зборуваат за другите. Наместо да гледаат за себе, зборуваат што другите би требало да прават различно. Туѓите несреќи и проблеми се мерило за нивниот успех.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар