10 начини на кои реагира вашето тело кога немате секс

10 начини на кои реагира вашето тело кога немате секс

Веќе знаете дека сексот е забавен и предизвикува задоволство, но дали некогаш сте се запрашале што се случува со вашето тело кога немате секс? Што се случува со вашето либидо и вашето здравје? Со цел да се открие што навистина се случува кога телото минува низ апстиненција, биле разгледани неколку научни истражувања. Погледнете кои биле добиените резултати.

10 начини на кои реагира вашето тело кога немате секс

1. Побрзо се разболувате

Сексот е навистина добар за вас. Покрај тоа што прави да се чувствувате добро, сексот помага во создавањето антитела кои му помагаат на телото да се бори против настинките и грипот. Кога апстинирате од секс, шансите да настинете или да добиете грип ви се значително поголеми.

2. Самодовербата станува проблем

Со текот на времето, немањето секс може да го натера вашиот мозок да мисли дека не сте привлечни, дека сте безвредни или дека сте грди. Со насобирањето на овие мисли, самодовербата станува огромен проблем и со тоа дополнително ви се намалуваат шансите да најдете сексуален партнер. Поради ова во здравите врски партнерите имаат секс барем два пати неделно. Редовниот однос помага да се создаде чувство на сигурност.

3. Потешка контрола над мочниот меур

Сексот е одличен начин да ја размрдате карлицата. Доколку немате секс, немате многу можности да ги користите колковите и карлицата. Освен ако не вежбате во теретана или не правите вежби наменети за овој дел од телото, голема е веројатноста да ви стане потешко да го контролирате вашиот мочен меур.

4. Можни проблеми со крвниот притисок

Сексот е одлична вежба. Всушност, сексот е толку добра аеробна вежба што апстинирањето од него може да го зголеми вашиот крвен притисок, особено ако не сте физички активни. Доколку минувате низ „сув“ период, можете да пробате трчање или пливање неколку пати неделно за да ги намалите потенцијалните проблеми со крвниот притисок.

5. Повеќе стрес

Сексот е пријатен не само за телото, туку и за мозокот. Спиењето со некого го зголемува лачењето на хемикалиите во мозокот што го подобруваат расположението и го поттикнуваат чувството на среќа. Ова значи дека кога имате секс вашата толеранција на стрес е поголема. Без секс мора да најдете други начини за лачење серотонин, ендорфин и други хемикалии што го подобруваат расположението.

6. Побавно заспивање

Дали некогаш сте се запрашале зошто е многу лесно да заспиете по секс? Голем удел има и заморот, но најмногу причината е лачењето на хормонот пролактин кој го поттикнува спиењето. Овој хормон ви помага да заспиете со тоа што ги релаксира мускулите и го опушта мозокот.

7. Поголем ризик од срцев удар

Ако ви е потребен изговор за да имате секс, запомнете дека тој е одлична физичка активност. Ја тестирате мускулната издржливост и го подобрувате кардиоваскуларното здравје. Исто така сексот е вежба што го намалува крвниот притисок. Забрзувањето на срцето е одличен начин да се спречат срцевите удари, па сексот може дупло да го намали ризикот од оваа појава.

8. Послаба меморија

Сексот не ве прави само поздрави, туку ве прави и попаметни. Редовниот секс помага во создавањето нови клетки во мозокот. Ако сте почувствувале дека концентрацијата ви е подобра по сексот, причината е создавањето на новите неврони.

9. Болка за време на наредниот секс

Затегнувањето на мускулите по долг период без секс е еден од најголемите митови. Невозможно е да се затегнат мускулите на вагината без некаква операција. Она што навистина се случува е намалување на либидото со што се менува начинот на кој телото реагира на сексуалниот стимул. Вагината се влажни помалку, па сексот може да биде болен.

10. Привремена еректилна нефункционалност

Додека кај жените се намалува влажноста, мажите можат да почувствуваат проблеми со ерекцијата по долга апстиненција. Како и кај жените, и кај мажите телото почнува да реагира поинаку на сексуалниот стимул. Најдобриот начин да го решите овој проблем е да имате секс и да го вратите ритамот на телото во нормала.

Што мислите, колку пати месечно треба да имате секс?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар