10 начини да се справите со терсене свекрва

10 начини да се справите со терсене свекрва

Некои жени се благословени со прекрасни свекрви кои се секогаш расположени да ги чуваат внуците и да помогнат со домашните обврски на снаата. Но, оние понесреќните на кои им се „потрефува“ да имаат незгодна свекрва, која секогаш критикува и создава проблеми по дома, едноставно не можат да го поднесат тој стресен однос. Следуваат неколку совети за справување на снаата со нејзината свекрва.

10 начини да се справите со терсене свекрва

1. Спречете ексалирање на кавгата

Секогаш кога ќе имате некоја непријатна ситуација со вашата свекрва, обидете се да останете смирени. Особено ако сте премногу вознемирени од нејзината постапка, најдобро ќе биде да не и враќате ништо за да не прерасне кавгата во сериозен проблем. Бидете искрени со неа и дајте и на знаење дека ви треба „тајм аут“. Излезете од просторијата за да си ја „оладите главата“ и потоа смислете добар план за тоа како најдобро би се справиле со ситуацијата.

2. Не сфаќајте си ништо лично

Никогаш немојте да си ги сфаќате при срце коментарите упатени кон вас од вашата свекрва. Некои свекрви никогаш не би се задоволиле со изборот на нивниот син на жената на неговиот живот. Едноставно кажано, ниедна не е доволно добра за нејзиниот син. А вие бидејќи го љубите вашиот сопруг, обидете се на посмирен начин да излезете на крај со неговата мајка.

10 начини да се справите со терсене свекрва

3. Определете си ги приоритетите

Немојте да и дозволите на вашата свекрва да ве совлада, да ја исцица вашата енергија и целата моќ да ја оставите во нејзини раце. Наредете му на вашиот ум дека без разлика колку ужасна таа знае да биде кон вас, никогаш нема да дозволите негативната енергија која ја создава, лошо да повлијае на вашиот дом и на вашата способност да бидете одлична сопруга и мајка.

4. Задачата на сопругот

Мажот е главата на семејството и негова одговорност е секогаш да ве заштитува вас и децата, па дури и од неговата сопствена мајка. Тој во ниедна ситуација не треба да дозволи неговата мајка негативно да зборува за вас или да се однесува лошо со вас. Обидете се да го натерате да сфати како вие се чувствувате во врска со односот кој го имате со свекрвата, и која е неговата улога во него.

10 начини да се справите со терсене свекрва

5. Заклучете ги бравите

Никогаш не и давајте на вашата свекрва резервен клуч од вашата куќа. Ненајавените посети не се секогаш добредојдени, па ако вие или вашиот сопруг и дадете клуч, ќе ја изгубите улогата на добра снаа која ја повикува свекрвата на ручек или пак ќе добиете критика дека не сте ја поканиле на гости одамна, а таа всушност се појавува на прагот од вашиот дом во секое време и невреме.

6. Разговарајте со неа

Направите искрен муабет со вашата проблематична свекрва. Објаснете и како нејзините постапки влијаат врз вашето семејство. Можеби таа не може да сфати дека нејзиниот син не е повеќе нејзиното малечко кое треба да го пази, туку дека сега тој има свое семејство за кое треба да се грижи. Со внимателно одбрани зборови, најдете начин да и прикажете која е нејзината улога како свекрва.

10 начини да се справите со терсене свекрва

7. Секоја приказна има две страни

Обидете се да сфатите каква е вашата свекрва под површината, кои се нејзините добри карактеристики и слаби страни. Можеби целата глупава ситуација е резултат на страшно недоразбирање или можеби таа има причина да биде загрижена. Што и да се врти низ нејзината глава, обидете се да дознаете лично од неа зошто сето тоа се случува, а потоа продолжете понатаму со вашето нормално секојдневие.

8. Бидете подобрата личност

Ова можеби е многу полесно да се каже, отколку да се направи, но никогаш немојте да и пристапувате на вашата свекрва со бес и лутина, бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Со „ладна глава“, смирен тон и искреност, решавајте ја ситуацијата на најлесен и најбезбеден начин.

10 начини да се справите со терсене свекрва

9. Ставете се во нејзина кожа

Без разлика колкав е нејзиниот син, таа секогаш ќе биде негова мајка, која го сака и му мисли добро. Вашата свекрва можеби има проблем да го пушти нејзиниот син да порасне. Ставете се себеси во нејзини чевли и анализирајте го нејзиното однесување со синот од таа перспектива.

10. Добриот збор железни врати отвора

Обидете се од своја страна колку можете повеќе да придонесете вашиот однос со свекрвата добро да се изгради за да функционирате како семејство. Понекогаш можеби ќе треба да правите отстапки, но резултатите кои можат да произлезат од тоа ќе бидат вредни за вашиот вложен напор. На крајот на краиштата, таа ќе биде дел од вашата фамилија додека некој од вас две не умре, па зошто да не се потрудите да го направите тој однос поподнослив?

10 начини да се справите со терсене свекрва

Надминувањето на разликите помеѓу вас и вашата свекрва може да не биде воопшто лесна или брза задача, но ако вашите обиди родат хармонија во вашето семејство, тогаш значи вредело. Дали навистина сакате да бидете сопруга која ќе поставува граници и ќе бара од нејзиниот маж да одбере помеѓу неговата мајка и вас? Внимавајте со поставувањето ултиматуми – можеби нема да ви се допадне резултатот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар