10 начини да ја „оживеете“ вештачката новогодишна елка

Иако некои во својот дом сакаат да имаат вистинска новогодишна елка, понекогаш сепак е подобро и попрактично да се одлучите за вештачка. Тие се попрактични, нема секојдневно да ги собирате игличките кои паѓаат, и секако вештачката елка никогаш нема да овене. Но, ако баш и не ви се допаѓа како вашето новогодишно дрвце изгледа, еве неколку начини да го направите поубаво и „поживо“.

1-kako-od-novogodishna-chestitka-10-nachini-so-koi-veshtachkata-elka-kje-ozhivee-www.kafepauza.mk_

1. Околу дрвцето замотајте гирланда која може да се претопи во игличките за да ги пополните празнините помеѓу вештачките гранки. Така ќе добиете побогата елка, што ќе изгледа природно.

2. Можете да ја пополните и со вештачки борови гранки. На тој начин можете да се погрижите за специфичните „празни“ места кога ќе ја погледнете вашата елка.

3. Можете да постигнете снежен изглед со помош на мешавина од гипс и лепило разредено со вода. Ќе ви биде потребна само мала четка за бојадисување за попрецизно да нанесете слој од спомнатата мешавина.

2-kako-od-novogodishna-chestitka-10-nachini-so-koi-veshtachkata-elka-kje-ozhivee-www.kafepauza.mk_

4. Металната основа на вашата елка заменете ја со трупец за да создадете пријатна атмосфера. Внимавајте само на средина од трупецот да издупчите точно онолку колку што ви е потребно за да го собере малиот држач на вашето дрвце.

5. Накитете ја вашата вештачка елка со светликави украси и лампиони. Светлината ќе се одбива од таквите украси, односно ќе имате впечаток дека вашата елка е погуста и побогата.

3-kako-od-novogodishna-chestitka-10-nachini-so-koi-veshtachkata-elka-kje-ozhivee-www.kafepauza.mk_

6. Наместо гирландите во разни бои само да „седат“ на елката, обвијте ги окоулу металните гранки на вашата вештачка елка со цел да добиете поголем волумен.

7. Направете ја елката повисока така што под основата ќе ставите неколку канти боја, што потоа ќе ги ги прекриете со ткаенина украсена со божиќни мотиви.

4-kako-od-novogodishna-chestitka-10-nachini-so-koi-veshtachkata-elka-kje-ozhivee-www.kafepauza.mk_

8. Доколку сакате да ја сокриете металната основа, отстранете ги дното и рачките од некоја плетена корпа и наместете ја елката во неа.

5-kako-od-novogodishna-chestitka-10-nachini-so-koi-veshtachkata-elka-kje-ozhivee-www.kafepauza.mk_

9. За да ги маскирате дупките помеѓу гранките, треба да ги украсите со големи божиќни панделки. Тие ќе ги прекријат видливите дупки и ќе го направат вашето дрвце поубаво.

10. Една од најчестите замерки за вештачките елки е тоа што немаат мирис на вистински бор. Меѓутоа, тоа многу лесно може да се промени. Потребна ви е само една шишарка и неколку капки етерично масло.

7-kako-od-novogodishna-chestitka-10-nachini-so-koi-veshtachkata-elka-kje-ozhivee-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар