10 начини да бидете попродуктивни ова лето

Автор: Софија Сионова

Летото конечно пристигна, температурите полека се зголемуваат. Време е за на плажа, за летни флертови и гледање филмови. Иако е многу важно да се одвои време за релаксација, да не забораваме дека летото исто така е одличен период за испробување и учење нови работи. Забавувајте се со следните 10 активности и бидете попродуктивни летово.

10-nachini-da-bidete-poproduktivni-ova-leto-kafepauza.mk

1. Научете нова вештина

Без разлика дали се тоа часови по гитара или професионално усовршување, летото е најповолен период за тоа. За сите кои би сакале унапредување во кариерата, одлична идеја е учење на основите на HTML/CSS програмирањето. Оваа вештина е сѐ повеќе барана и ценета помеѓу работодавачите. На веб-сајтовите како SkillCrush програмирањето се учи брзо, лесно и бесплатно. Ова малку време посветено на учење ќе ви ги подобри квалитетите, ќе ви го збогати резимето при потрага по работа, и ќе ве направи повеќе ценети.

Секако ова е само една од опциите. Размислете за целите и желбите, а потоа одвојте време за усовршување на некоја вештина која води поблиску до остварување на вашите соништа.

2. Раширете го вашето присуство на социјалните мрежи

Не станува збор за објавување на повеќе селфи-фотки на Инстаграм. Присуството на социјалните медиуми е сѐ повеќе од витална важност за обезбедување работа. При пребарување на сопственото име на Гугл ја гледате истата слика која ја гледаат и потенцијалните работодавачи кога ве истражуваат онлајн.

Одвојте време за чистење на профилот, прилагодете ги вашите приватни поставки и ослободете се од сето она што не ве претставува во најдобро светло.

Исто така, можете да ги користите социјалните медиуми за активно да се поврзете со колегите од вашата фирма. Пројавувајќи постојан интерес и споделувајќи важни содржини со вработените на социјалните мрежи, привлекувате внимание на многу позитивен начин.

3. Направете нешто што сте го одложувале

Отсекогаш сте сакале да започнете блог, да водите дневник, да започнете со јога, но секогаш сте биле премногу зафатени. Доволно одолговлекувавте, време е работите кои заглавиле во минатото да ги поставите за приоритети.

4. Започнете активен и здрав живот

Постојат многу забавни и креативни начини да останете фит за време на летните месеци. Фитнес-центрите не се сечие омилено место, но затоа тука се летните активности на отворено како возење велосипед, ролерки, пешачење со најдобрите пријатели и слично. Наеднаш вежбањето и не изгледа толку лошо, нели!? Искористете го убавото време и останете активни.

5. Извлечете го максимумот од вашиот круг на пријатели

Одвојте време за да размислите за луѓето во вашиот живот кои ви претставуваат важни (приватни и професионални) контакти и побарајте ги. Неформалните разговори, без разлика дали се на работното место или во омиленото кафуле, ви даваат пристап до вредни информации и ви овозможуваат градење на значајни врски кои можат да ви послужат во иднината.

Ако сте амбициозни, побарајте професионалци кои не ги познавате и обидете се да го проширите вашиот круг на пријатели. Можеби сметате дека некој нема да ве сфати сериозно, но ќе се изненадите што може да се постигне со малку труд во оваа насока. Без разлика на сѐ, немате што да изгубите, туку само да добиете.

6. Стажирајте

Летото е можеби најдобриот период за стажирање. Тоа е многу корисно затоа што се учи одговорност и се полни резимето, што обезбедува поголемо искуство и многу поголеми шанси за вработување. Никогаш не е доцна.

7. Заработете малку пари

Започнете работа со половично работно време, бидете бебиситер или хонорарно пишувајте. Без факултетските/школските обврски со кои се соочувате во останатите месеци, овој период е одличен за заработување пари што го олеснува животот во другиот дел од годината.

8. Волонтирајте

Не само што го подобрувате туѓиот живот, туку тоа е и можност да запознаете важни луѓе кои во иднина би можеле да ви помогнат. И секако тука е фактот што помагајќи им на другите се чувствуваме многу позадоволни од себеси. Некогаш забораваме да бидеме благодарни за малите нешта. Потсетете се дека имате среќа што живеете таков убав живот и потрудете се да направите промена така што ќе волонтирате за цел која сметате дека е важна.

9. Читајте

Не е битно дали е дневен весник, чик литература или Шекспирова драма. Важно е да го стимулирате вашиот мозок и да го предизвикувате. Така транзицијата од летото до работното место/училиштето е многу полесна.

10. Бидете спонтани

Последниот предизвик е да направите нешто спонтано. Без двоумење сложете се за патување, зборувајте со згодното/та момче/девојка кое долго време ви се допаѓа или пробајте нешто ново. Летото носи чувство на слобода и авантура што го нема во текот на целата година, затоа не го трошете залудно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар