8 решенија за непријатниот мирис од потењето

Потењето е нормална и здрава појава, но понекогаш ни создава проблеми доведувајќи нѐ во незгодни ситуации. Иако постојат козметички препарати кои ефикасно ја спречуваат непријатната миризба, понекогаш ни тоа не е доволно, па потребно е да обрнуваме повеќе внимание на нашите дневни навики. Покрај секојдневното туширање и нанесување деодоранс, ова се 8 дополнителни начини на кои ќе ја спречите појавата меѓу народот позната како „смрдлива мишка“:

8-reshenija-za-neprijatniot-miris-od-potenjeto-kafepauza.mk

1. Редовно отстранувајте ги влакната под пазувите, бидејќи на нив се собираат дополнителни бактерии и придонесуваат за задржување на потта дури и по туширањето.

2. Јадете помалку месо, особено црвено и избегнувајте брза и зачинета храна.

3. Избегнувајте алкохол и храна која влијае потта да мириса лошо како лук, кромид и аспарагус.

4. Носете облека што дише – само од природни материјали.

5. Дневно пијте пола литар до литар чај од жалфија бидејќи тој го намалува потењето.

6. Еднаш или неколку пати неделно направете си купка во која ќе додадете чаша природен јаболков оцет.

7. Физичките активности предизвикуваат засилено потење. На тој начин од телото ги исфрлате токсините, што секако ќе резултира со непријатна миризба.

8. Избегнувајте конзумирање на премногу ладни и премногу топли напитоци бидејќи и тие предизвикуваат повеќе да се потите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Kiki Reply

    Одличен Пост.

Остави коментар