10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

Нека оваа година ви биде најсреќната и најздравата досега. Доколку сте подготвени конечно да направите баланс, тогаш погледнете ги следниве 10 едноставни и директни правила на среќните и здрави жени кои ќе ви помогнат да го добиете животот кој отсекогаш сте го посакувале.

(0) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

1. Бидете релаксирани за време на утрата

Доволно ви е само 5-минутно опуштање за време на утрото со цел да направите огромна разлика во вашето расположение и енергија во текот на денот. И оставете си доволно време да јадете целосен оброк, како и да се истегнете или медитирате.

(1) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

2. Направете време за станување и движење

Вежбањето испушта ендорфини, го подобрува имунитетот, ве ослободува од стресот и ве одржува силни и самоуверени во своето тело. Нема потреба да „полудувате“ со вежби од неколку саати за да бидете здрави – доволно е само малку повеќе да се движите, секојдневно.

(2) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

3. Јадете вистинска храна

Обработената брза храна го зголемува шеќерот во вашата крв, внесува неприродни состојки во вашето тело и ве остава со чувство на глад брзо откако ќе завршите со јадењето. Па, наместо оваа лоша храна, јадете чиста и органска со цел да го заштитите вашето здравје.

(3) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

4. Посегнете по вода

Кога се чувствувате уморно или имате потреба од енергија, не мора веднаш да се напиете кофеин или пијалак со шеќер. Често, уморниот и замаглен мозок е знак за дехидрација, па погрижете се да пиете многу вода во текот на денот за да го одржувате нивото на вашата енергија високо.

(4) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

5. Слушајте го вашето тело кога ви зборува

Среќните луѓе го слушаат нивното тело кога се обидува да им каже нешто и никогаш не одат против неговите желби. Тие ја спуштаат виљушката во истиот момент кога ќе почувствуваат ситост, вежбаат јога кога се под стрес и не порачуваат трет коктел кога знаат дека тоа не е добра идеја.

(5) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

6. Сакајте ги зеленчуците!

Зеленчуците не се додаваат во порциите само затоа што вашето тело мора да ги јаде, туку затоа што тоа има потреба од нив. Доколку сакате да бидете поздрави и посреќни, вие мора да му помогнете на вашето тело да го постигне својот потенцијал со помош на хранливи материи.

(6) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

7. Инвестирајте во фитнес и здравје

Не чекајте до краен момент за да се погрижите за вашите потреби – уплатете месечна членарина во теретана, одете одвреме-навреме на масажа и редовно посетувајте го вашиот доктор, дури и ако ви изгледа како да нема причина.

(7) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

8. Секогаш бидете благодарни

Кога го насочувате целото ваше внимание на оние нешта кои недостасуваат, токму тоа и ќе го добиете – нешта кои недостасуваат! Па, наместо да се фокусирате на тоа што го немате, бидете благодарни на сите оние нешта кои досега сте ги постигнале и ги имате, мали или големи.

(8) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

9. Забавете и насмејте се

Животот не е секогаш сериозен за среќните и здрави жени. Тие наоѓаат време да се поврзат со своите љубени и не се плашат да покажат добрина кон непознати луѓе. И смеењето им помага, особено во оние ситуации кога чувствуваат потешкотии.

(9) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

10. Најдете време за одмор

Кога се чувствувате уморно или истоштено, не правете план за нова активност. Доколку имате здрави граници вие ќе се чувствувате безбедно, поврзано и енергично. Па, најдете време за себе со цел да ги наполните вашите батерии. И кога е време за спиење, исклучете ги сите нотификации.

(10) 10 мудри навики кои ги имаат среќните и здрави жени

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар