10 момци во кои сигурно сте биле потајно вљубени во средно училиште

Одењето во средно училиште е многу возбудлив и интересен период за секој тинејџер. Тогаш сите поминуваат низ одредени чудни фази изразени преку стилот на облекување и фризурата, се бунтуваат и не почитуваат авторитети, ги стекнуваат првите вистински пријатели и секако се раѓа првата љубов. Понекогаш станува збор за возвратена љубов, но многу почесто се работи за платонска љубов која се чува како најстрога тајна и никој не смее да ја знае освен најдобрата пријателка. Сите сме имале скриени симпатии во средно, така што сигурно ќе ја пронајдете вашата меѓу следниве 10…

10 момци во кои сигурно сте биле потајно вљубени во средно училиште

1. Спортистот кој само еднаш бил фин со вас

Одбојкарите, кошаркарите, фудбалерите и другите спортисти важат за најголеми фраери во училиште кои не се заинтересирани за оценките, туку цело време мислат на натпревари и девојки. Доколку сте биле одлична ученичка, веројатноста е дека барем еднаш ви се обратил оној згоден спортист од вашиот клас и вие само што сте помислиле дека ќе ве покани да излезете, тој побарал од вас да препише домашно.

2. Братот на вашата пријателка кој само што се запишал на факултет

Отсекогаш сте го сметале за чуден и напорен. Тој бил најголемиот непријател на вашата пријателка кој секогаш ве бркал и ви досадувал со неговата бучна музика. Но, еден ден, по неколку месеци, вие сте отишле кај нив во посета и сте забележале дека тој значително се извишил, ја скратил долгата коса и се претворил во привлечен дечко. Одеднаш почнувате да се шминкате и дотерувате секогаш кога треба да отидете кај вашата пријателка, а таа не може да се изначуди на што се должи таквото однесување.

3. Креативното момче кое било дел од сите училишни секции

Овој ученик бил едноставно насекаде. Глумел во училишните претстави, бил дел од клубот за дебата и нормално, претседател на својот клас. Не ви било јасно како успева да прави сѐ и да има одлични оценки, но факт е дека неговиот успех не ве оставал рамнодушни.

4. Гитаристот од училишниот бенд

Златно правило е дека секое момче кое знае да свири гитара, автоматски може да ја освои која било девојка, особено во тинејџерските денови. Па, така ни вие не сте биле исклучок. Неговите амбициозни преработки на песните од Nirvana и Guns’n’Roses придружени со долгата коса и бунтовничкиот стил сте ги сметале за апсолутно неодоливи. Секогаш сте биле во првите редови на неговите настапи на училишните свирки и потајно сте се надевале дека додека свири, песните ви ги посветува токму вам.

10 момци во кои сигурно сте биле потајно вљубени во средно училиште

5. Училишниот кловн кој секогаш ве задевал

Неговата задача во класот е да ги исмева професорите, вас и сите други кои ќе се најдат во негова близина. На почетокот не сте можеле да го поднесете, но толку многу ви досадувал што успеал да ви влезе под кожа и не сте можеле да го извадите од глава. Толку многу сте го мразеле што евентуално таа омраза се претворила во некој вид љубов.

6. Измачениот рапер од богато семејство

Никогаш ништо не му недостасувало во животот, за 16-ти роденден добил автомобил како подарок, носел облека од популарни брендови и секоја година одел на екстравагантни одмори со неговото семејство. Сепак тој пишувал нешто слично на поезија во која го истурал својот гнев предизвикан од тешкиот живот и социјалните неправди во гетото. Па, добро, веројатно има нешто привлечно кај урбаниот Шекспир од соседството.

7. Новиот професор на замена

Нормално дека станувало збор за платонска љубов и многу добро сте биле свесни дека никогаш ништо нема да се случи, но сепак вашите мисли биле преокупирани со овој 24-годишен штотуку дипломиран студент кој доаѓа на Веспа во училиште. За вас тој бил сѐ што сте посакувале: Згоден, претставителен, паметен и вистински маж (барем од тогашна гледна точка).

10 момци во кои сигурно сте биле потајно вљубени во средно училиште

8. Момчето кое прво успеало да ја порасне брадата

Под брада тука подразбираме пубертетски бркови на горната усна, но сепак во средно училиште не сте ни можеле да очекувате повеќе од тоа.

9. Вашиот најдобар пријател за кого сите се прашуваат зошто досега не ви станал момче

Одлично сте се согласувале, сте имале слична смисла за хумор и секогаш заедно сте се забавувале. Единствената причина што ве спречувала да не бидете заедно е стравот од тоа да не го уништите пријателството. На крајот или сепак сте завршиле заедно, или тој ви останал како убав спомен од средношколските денови со кого повремено комуницирате.

10. Постерот во вашата соба

Да се разбереме: Бред Пит е многу повеќе од дводимензионален постер! Вие сте имале високи критериуми и не сте сакале да прифатите некој кој не наликува воопшто на вашиот маж од соништата, особено кога сте биле сигурни дека еден ден ќе завршите со него. А сега по разводот на Бред и Анџелина мора да признаеме дека шансите ви се уште поголеми!

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар