80-годишна бездомничка внесува разнобојност во животот на локалните жители

Запознајте ја Роузи, жена со екстравагантен стил и неодолив став. Таа е слободен дух и веќе 30 години живее на улиците во својот град, правејќи посебна атмосфера на јавните места. Локалните жители го обожаваат нејзиното присуство и велат дека кога и да ја видат, таа повикува насмевка на нивните лица.

И покрај тоа што очигледно има повеќе од 80 години, таа тврди дека дамите никогаш не ја откриваат својата возраст, па затоа и молчи за својата. Роузи е позната и по својот начин на просење, каде што со флерт бара пари – секој ден облечена во нов фустан кој го добива од добротворни цели. Таа е артист и вистинска модна икона.

Можеме многу да научиме од оваа жена. Таа и покрај тоа што е сама и нема покрив над својата глава, сепак со ентузијазам и оптимизам го поминува секој ден. Не ни е потребно многу за да бидеме среќни и токму тоа можеме да го забележиме од насмевката на нејзиното лице!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар