10 факти што секоја жена треба да ги знае

10 факти што секоја жена треба да ги знае

Да се биде жена значи многу различни нешта за различни луѓе. Секоја жена е различна, но постојат неколку универзални вистини што секоја од нив би требало да ги знае.

10 факти што секоја жена треба да ги знае

1. На секој му се познава стомакот кога ќе седне

Никој не е совршен! Сите ние имаме недостатоци, а токму тие нè прават уникатно убави.

2. Кога некој ќе ви каже дека сте убави, верувајте му

Зошто некој би ви кажал дека сте убави доколку не го мисли тоа и доколку не е вистина?

3. Сите понекогаш се будат со навистина лош здив

Лошиот утрински здив е сосема нормална работа. Не постои човек кој не се соочил со овој „проблем“.

4. За секоја жена која не ги сака нејзините стрии, има жена која посакува да ги има

Немојте да се срамите од вашите стрии. Гордо покажете ги!

5. Треба да имате поголема самодоверба

Доколку можете да се видите низ очите на другите, вашата самодоверба сигурно ќе се зголеми. Покрај тоа, самодовербата зрачи убавина.

6. Не чекајте некој да ве спаси, туку сами направете го тоа

Никој не може да ве спаси и самите треба да го направите тоа. За некој друг да може да ве сака, мора самите да се исцелите.

7. Во ред е да не го сакате секој дел од вашето тело, но би требало

Секој има особини што ги сака и што ги мрази кај себе. Важно е да не заборавите дека сте убави токму онакви какви што сте.

8. Сите имаат пријател кој изгледа како да има совршен живот

Најверојатно познавате барем една личност која ви изгледа како да сфатила сè и како да има совршен живот. Но дали сте помислиле дека некој можеби го мисли истото за вас?

9. Треба да бидете приоритет

Не дозволувајте да бидете нечија втора опција. Вие заслужувате да бидете приоритет.

10. Вие сте жена

Само овој факт ве прави навистина неверојатни.

Прочитајте ги и овие моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар