10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

6. Пијте зелен или црн чај

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

Зелениот и црниот чај се всушност добри за вашите заби. Растението Cameilla sinensis кое се наоѓа во чајот ги штити забите од кариес. Можете да се напиете шолја чај и после консумирањето блага храна.

7. Не претерувајте со четкањето на забите

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

Ништо не е добро доколку го правите тоа претерано, вклучувајќи го и миењето на забите. Четкањето почесто од два пати дневно може да го ослаби емајлот на забите. Исто така грубото четкање може да предизвика слични проблеми. Најдобриот совет за правилно миење на забите е да ги четкате како јајце – ако употребите премногу сила ќе се скрши.

8. Консумирајте храна што ги заштитува забите

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

Постојат одредени видови храна кои можат да го намалат ризикот од појава на кариес. Многу млечни производи ги намалуваат наслагите на забите, па дури и го зајакнуваат емајлот. Јаболката, иако се кисели и полни со шеќер, го зголемуваат лачењето на плунка, со тоа намалувајќи ги бактериите во устата.

9. Чистете ги забите со конец

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

Не е доволно само да ги миете забите со четка и паста. На тешко достапните места може да остане малку храна и бактерии кои се виновни за појавата на кариес. Редовното чистење на забите со конец ќе ви помогне да го спречите ова. Всушност, чистењето со конец ќе ги отстрани сите наслаги, ќе го отстрани лошиот здив и е поефективно од самото четкање.

10. Одете на заболекар два пати годишно

10 едноставни начини да го спречите појавувањето на кариес

Вашиот заболекар е експерт за оралното здравје и може да забележи дали има проблем пред да биде премногу доцна. Покрај тоа, тој темелно ќе ви ги исчисти забите и ќе ја спречи појавата на сериозни проблеми. Најдобро е да го посетувате вашиот заболекар два пати годишно.

Погледнете и кои намирници се најголемите непријатели на вашите заби.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар