Дали е во ред мачките да пијат млеко?

Дали е во ред мачките да пијат млеко?

Од книгите за деца, па сè до телевизиските реклами, постојано сме изложени на идејата дека мачките се „луди“ по млекото. Но поп културата не кажува што всушност се случува откако овие животни ќе се напијат млеко. Вистината е дека по консумирањето млеко, вашето милениче најверојатно ќе ги помине следните неколку часа страдајќи од дијареја, гасови, подуеност и други непријатни несакани ефекти.

Дали е во ред мачките да пијат млеко?

Мачките, како и повеќето возрасни цицачи (вклучувајќи ги и луѓето) се нетолерантни на лактоза. Ова значи дека им недостасува ензимот што ја разградува лактозата, односно шеќерите што се наоѓаат во млекото. Една чинија млеко сигурно нема да биде смртоносна за нив, но последиците ќе ѝ претставуваат проблем на мачката, како и на сопственикот кој ќе треба да чисти по неа.

Ако забележите дека вашата мачка сепак добро го поднесува млекото или сакате да ја „израдувате“ со нешто ново, третирајте го како и секоја ужина. Бидејќи млекото нема речиси никаква хранлива вредност за мачките, не може да биде замена за специјалната храна за овие животни. Ова значи дека млекото, како и другите ужини, треба да зафаќаат само околу 10% до 15% од исхраната на мачките.

За да ја спречите дебелината кај мачките, ограничете ги калориите од млекото на 20 до 30 дневно. Една шолја обезмастено млеко има 83 калории, па за да избегнете проблеми со дебелина не ѝ давајте на мачката повеќе од неколку лажици. Со цел да ги намалите дигестивните проблеми, можете да пробате млеко без лактоза или козјо млеко.

Кога станува збор за малите мачиња, веруваме дека нив им е потребно млекото. Иако тие донекаде имаат способност да ја обработат лактозата, нивните тела не се дизајнирани за да се справат со големото количество лактоза во кравјото млеко. Кравјото млеко има околу 3 пати повеќе лактоза од она што го добиваат од нивните мајки.

Редовното пиење млеко не само што ќе предизвика дијареја кај малите мачиња, туку може и да ги изгладне бидејќи хранливите материи нема да се апсорбираат правилно. Ако одгледувате мало маче без мајка, најдобро е да побарате посебно млеко кај ветеринарот или продавницата за миленици. Ова „млеко“ е со посебна формула и ги содржи прехранбените материи што им се потребни на мачињата, а истовремено нема да ги предизвика болните несакани ефекти како и кравјото млеко.

Доколку чувате маче, тогаш сигурно ќе ве интересира што значат неговите „чудни“ однесувања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар