5 нешта со кои ќе ѝ покажете на вашата партнерка дека ја сакате

Дали сте лудо вљубени во вашата партнерка и само сакате да можете да ѝ покажете точно колку многу ја сакате? Доколку зборовите не ви се доволно, постојат неколку начини со кои ќе ѝ покажете на вашата сакана колку сте всушност вљубени во неа.

5 нешта со кои ќе ѝ покажете на вашата партнерка дека ја сакате

1. Слушајте ја и не обидувајте се да ја поправите

Еден од најголемите проблеми на мажите е тоа што тие се „поправачи“. Дајте им некој проблем и тие веднаш ќе се обидат да најдат решение. За жал, жените не сакаат да бидат поправени, туку сакаат да бидат слушнати. Сакаат да знаат дека нивниот партнер ги слуша и разбира низ што минуваат. Па, следниот пат кога вашата партнерка е тажна и ви кажува за нејзините проблеми, слушајте ја внимателно. Прашајте ја што ѝ треба, но немојте да ѝ давате совети. Иако ова изгледа навистина едноставно, жените премногу го ценат овој гест.

2. Предвидете ги нејзините потреби

Навистина е тешко да предвидите што сака некој, но жените навистина го бараат тоа од нивните партнери. Жените ја имаат оваа способност, па слободно прашајте ги вашите мајка или сестра за совет. Исто така доволно е да обрнувате внимание на зборовите и однесувањето на вашата партнерка и ќе откриете што сака. Доволно е да забележите какво кафе сака или која ѝ е омилена храна. Овие навидум мали гестови значат многу и таа навистина ќе почувствува дека ја сакате и дека се грижите за неа.

3. Забележувајте ја

Кога последен пат сте ѝ кажале на партнерката колку убаво изгледа, колку добра мајка е или колку многу ја сакате? Немојте да мислите дека не треба да ги кажувате овие нешта бидејќи сметате дека таа ги знае. Жените имаат потреба да бидат забележани. Тие сакаат да знаат како ги гледате, да знаат дека забележувате како изгледаат и како се однесуваат со вас. За жал во подолгите врски овие комплименти се намалуваат, без разлика што вашето мислење за неа не се променило. Па, искористете ја секоја прилика да ѝ кажете на вашата сакана колку е прекрасна и колку всушност сте вљубени во неа.

4. Држете ја за рака

Жените навистина сакаат да се држат за рака. За нив нема ништо подобро од тоа да се држат за вас додека шетате по улица. Иако и овој гест ви изгледа незначаен, понекогаш за нив е поинтимен и од сексот. Физичкиот контакт без очекување за нешто повеќе, ќе направи таа да се чувствува посебно и сакано. Следниот пат кога сте излезени, едноставно фатете ја за рака. На овој навистина едноставен начин ќе ѝ покажете колку ја сакате.

5. Научете го нејзиниот љубовен јазик

Според теоријата за љубовни јазици, кај луѓето постојат пет начини на коишто ја покажуваат и ја примаат љубовта од другите. Овде спаѓаат квалитетното време заедно, физичките допир, зборовите, услугите и давањето подароци. Откријте што најмногу сака вашата партнерка и правете го тоа. Без сомнение ќе се чувствува како најсаканата личност на светот.

Погледнете и како да ја покажете вашата безусловна љубов кон партнерот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар