10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Навалете ја главата наназад доколку ви крвави носот, вшмукајте го отровот од раната ако ве касне змија, исчеткај ги забите веднаш по јадење… Постојат одредени работи што секогаш ги правиме без да се посомневаме во нивната веродостојност, затоа што така нè научиле другите. Но, некои од овие совети се обични „бабини деветини“.

1. Не дувајте во храната на децата

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Кога дуваат во храната на нивните деца, како и кога им делат закуски, прибор за јадење, чаши и четки за заби, родителите им пренесуваат бактерии што може да предизвикаат кариес – дури и ако вашите деца сè уште немаат заби. Забите се најчувствителни додека растат.

Како да се постапи? Не споделувајте храна, прибор за јадење и четки за заби  со децата. Исто така, наместо да им дувате во храната, подобро почекајте таа сама да се излади.

2. Не ја навалувајте главата наназад додека носот ви крвави

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Навалувајќи ја главата, може да се задушите од сопствената крв бидејќи таа ќе се врати во вашето грло.

Како да се постапи? Притиснете ги двете ноздри со два прста, седнете и почекајте крвавењето да престане. Држете ја главата исправено, а брадата паралелно со земјата.

3. Не подигнувајте ја личноста која е онесвестена

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Причина поради која луѓето паѓаат во несвест е пад на крвниот притисок, поради што крвта не циркулира до мозокот. Ако ја подигнете личноста, тоа ќе ја спречи крвта да се врати во мозокот.

Како да се постапи? Доколку се случи човек да се онесвести, важно е неговата глава да биде поставена пониско од неговиот градниот кош. Лицето нека седне и се исправи напред или, уште подобро, нека лежи, а главата нека му е поставена малку пониско. Лицето треба да остане во оваа положба неколку минути пред да се обиде повторно да се исправи.

4. Не го вшмукувајте отровот од змија

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Денеска има ефикасни противотрови, па каснувањето од змија е ретко фатално. Смртта се јавува само кај 0,05% од случаите кога некој е каснат од змија. Вшмукувањето на отровот од раната не ѝ помага на жртвата, па навистина нема причина да се прави тоа.

Како да се постапи? Во случај некој да е каснат од змија-отровница, лицето треба да се постави така што местото каде е каснат да е пониско од нивото на срцето за да се забави движењето на отровот. Веднаш повикајте итна медицинка помош или однесете ја жртвата во најблиската болница.

5. Не четкајте ги забите веднаш по јадење

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Затоа што на овој начин се оштетува непцето и заштитниот слој на забите.

Како да се постапи? Четкајте ги забите наутро пред појадок. Ако веќе сакате да четкате заби по секое јадење, пред четкање добро измијте ги забите со вода. Но, најдобро е да почекате околу 40 минути по јадењето, па да ги четкате забите.

6. Не удирајте ја по грб личноста која се гуши, доколку е во исправена положба

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Ако ударите по грб лице кое е во исправена положба, предметот кој е заглавен може да навлезе уште подлабоко во грлото.

Како да се постапи? Лицето нека се навали напред и нека се обиде да кашла. Во повеќето случаи, тоа е доволно. Ако не успее ова, неколкупати ударете го лицето помеѓу лопатките, но претходно тоа нека се навали нанапред.

7. Не ставајте мраз директно врз модринка

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Со оглед на тоа дека кожата е многу чувствителна, мразот ќе го намали протокот на крв и ќе го успори заздравувањето. Покрај тоа, мразот може да доведе до оштетување на кожата.

Како да се постапи? Завиткајте го мразот во крпа или друга ткаенина. Ставете ја ладната облога на модринката веднаш по ударот, но не држете ја повеќе од 10 минути на едно место.

8. Не ставајте путер или мраз на изгореници

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Ова е типична „бабина деветина“ која нема да ви помогне. Изгореницата навлегува длабоко во кожата и морате да го изладите изгореното место за да спречите понатамошно оштетување.

Како да се постапи? Ставете го изгорениот дел од телото под млаз ладна вода најмалку 20 минути.

9. Не масирајте ги смрзнатите делови од телото

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Смрзнатите делови не треба да се допираат или масираат, ниту да се подложуваат на директна топлина, затоа што тоа може да предизвика изгореници.

Како да се постапи? Внимателно загревајте го смрзнатиот дел од телото со потопување во млака (не топла) вода. Исто така, пиете топли пијалоци. Не дозволувајте смрзнатиот дел повторно да замрзне и добро заштитете се ако повторно излезете на ладно. Ако раните од смрзнување не изгледаат добро, побарајте лекарска помош.

10. Никогаш не полнете веќе употребено пластично шише

10 „бабини деветини“ кои веруваме дека помагаат

Зошто е ова погрешно? Пластичните шишиња содржат опасна хемикалија наречена БПА која се испушта во водата, а во користените шишиња се развиваат опасни бактерии кои можат да имаат негативно влијание врз плодноста и да предизвикаат некои видови на рак.

Како да се постапи? Рециклирајте го пластичното шише веднаш по употреба и користете стаклено.

Можеби сакате да прочитате и како да ја подобрите рамнотежата на вашето тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар