Зошто свежиот леб се продава во хартиени кеси?

Кога купувате свеж, штотуку испечен леб, тој речиси секогаш е спакуван во хартиена кеса. Од друга страна пак, лебот на парчиња, лебот за тост и малите лепчиња за сендвичи најчесто се во пластично пакување. Лебот спакуван во хартија е повеќе изложен на надворешни влијанија и има помал рок на траење доколку остане така. Па, зошто воопшто го продаваат со хартиено пакување, кога дома секако ќе се префрли во пластично?

Зошто свежиот леб се продава во хартиени кеси

Оние кои ги обожаваат теориите на заговор би кажале дека ова е начин производителот да го излаже потрошувачот дека лебот е свеж и мек, за да купи повеќе векни, но реалноста вели дека не е баш така.

Забележете следниот пат во продавницата или пекарницата дека во хартија се спакувани специјалните лебови, како што е чијабата, багет, селски леб, леб од фурна на дрва, разни погачи и слични видови. Овие лебови имаат краток рок на траење и треба да се изедат истиот или најдоцна наредниот ден. Доколку се чуваат во пластичните садови или во кеси, побрзо ќе се расипат поради кондензацијата, која може да создаде гумена текстура и појава на мувла.

Зошто свежиот леб се продава во хартиени кеси

Во овие видови леб нема голема количина адитиви, ниту масти и шеќери. Кога се постари од два дена, стануваат тврди и суви и може да се искористат само во тост или некој специјалитет врз основа на леб. Лебовите кои се наменети за подолгорочна употреба, се спакувани во пластична амбалажа и ќе останат меки и употребливи и во наредните 5-7 дена, без да се расипат.

Дознајте уште и кој вид на леб е препорачан како најздрав од страна на кардиолозите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар