Препорачан од кардиолог: Овој вид леб е најздравиот во светот

Доколку сакате да живеете здраво, треба да консумирате што е можно помалку леб. Кардиохирургот Стивен Гандри во својата нова книга „Парадоксот на растенијата“ (The Plant Paradox) тврди дека сепак постои здрава алтернатива.

1-preporachan-od-kardiolog-ovoj-vid-na-leb-e-najzdraviot-leb-vo-svetot-www.kafepauza.mk_

Нутриционистите со години нè уверуваат дека најздравиот вид леб е оној од цели зрна, како што се зобот, јачменот или пченката. Но, кадриохирургот Стивен Гандри мисли поразлично.

Тој препорачува леб без никакви житарки, односно „Barely“ или во буквален превод „едвај“ леб кој не содржи глутен, квасец или соја, но сепак има сличен вкус како пекарскиот производ. Тој тврди дека ова е најздравиот вид леб, бидејќи не содржи лектини, тешко сварливи протеини кои предизвикуваат цела низа биохемиски нарушувања и ги влошуваат веќе постоечките воспалитетелни процеси во телото.

Се подготвува од белка од јајце, кокосово масло, кокосово брашно, бадемово брашно, лешниково брашно и уште неколку состојки. Едно парче леб има околу 3 грама белковини, а цената му е повисока – околу 800 денари за едно пакетче. За сега може да се купи на официјалниот веб-сајт на произведувачот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар