Зошто сините животни се многу ретки?

Според истражувањата, омилената боја на повеќето луѓе е сината, а дури 75 земји имаат сина боја на своето знаме. Но, во природата, оваа боја не може да се сретне многу често, особено кога станува збор за животните, па сините животни што сте ги виделе можете да ги изброите на едната рака. Во продолжените прочитајте зошто во светот не постојат многу сини животни.

Бојата може да зависи од храната што ја јаде животното

Зошто сините животни се многу ретки?

Речиси сите бои на крзното, на кожата или на пердувите на животното имаат пигменти поврзани со храната што ја консумираат. На пример, лососот и фламингата јадат розови школки и ракчиња.

Зошто сините животни се многу ретки?

Ова важи и за кафеавата, црвената и портокаловата боја, но не и за сината. Бидејќи во растенијата нема вистински сини пигменти, животните не можат да добијат сина боја преку храната, па затоа сините животни се толку ретки.

Повеќето сини животни не се вистински сини

Зошто сините животни се многу ретки?

Бојата е начин на кој ги перципираме различни бранови светлина. Некои животни само изгледаат како да имаат сина боја, што најчесто значи дека тие развиле начин да ги измамат нашите очи (вклучувајќи ги и сините очи на човекот) со помош на надворешната градба и прекршувањето на светлината.

Зошто сините животни се многу ретки?

Сината морфо пеперутка изгледа сино само поради начинот на кој нејзините крилја ја одразуваат светлината. Крилјата имаат градба што ги апсорбира сите други бои, освен сината. Бидејќи бојата се заснова на структурата, откако крилјата се дојдат во контакт со нешто друго освен воздухот, на пример со алкохол, сината боја ќе исчезне и крилјата ќе ја променат бојата.

Не постојат птици со сини пердуви

Зошто сините животни се многу ретки?

Сите птици што изгледаат како да се сини имаат слична структура на пердувите и тие ја одразуваат само сината светлина. Секој пердув има мали зрна распоредени на начин што го намалуваат ефектот на сите бои, освен на сината.

Постои само една пеперутка што создава син пигмент

Зошто сините животни се многу ретки?

Синиот пигмент е многу редок и можете да ја видите кај пеперутките од родот Nessaea. Овој вид пеперутки хемиски го развиле пигментот на крилјата и нивната боја нема да се промени, без разлика како ќе ги погледнете. Оваа пеперутка е сè уште мистерија за истражувачите.

Прочитајте ги овие 15 неверојатни факти за животните што може да ги споделите со пријателите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар