Зошто луѓето на старите фотографии не се смеат?

Најверојатно сте виделе стари, црно-бели фотографии, на кои луѓе без никаков израз на лицето се загледани некаде во далечината. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Многумина веруваат дека одговорот се крие во технологијата, но постои и нешто повеќе од тоа.

Раните фотографи морале да бараат од луѓето да останат мирни подолго време, па затоа и тие почесто избирале неутрален израз на лицето наместо насмевка. Обидете се да го „смрзнете“ лицето во насмевка, и ќе сфатите дека брзо ќе почне да ви станува непријатно.

Но, кога технологијата се подобрувала и кога фотографијата можела да се направи за помалку од една минута, луѓето и понатаму продолжиле да одбиваат да се смеат. Што мислите, зошто се случувало ова?

Одговорот најверојатно се крие во тоа што тогаш фотографиите биле премногу скапи и истовремено биле третирани и како слики. Тие биле еден вид историско зачувување на луѓето, и се чувале со години, обично долго по смртта на личноста на фотографијата.

Од друга страна пак, имало и ситуации кога се правеле вакви фотографии по смртта на саканата личност, со цел да се зачува нејзиниот спомен. Тие биле шминкани и местени во соодветни позиции за да изгледаат како да се живи. Изразот на лицето, секако, останувал неутрален.

Смеењето на фотографиите почнало да се појавува во 20-тите и 30-тите години. До тогаш технологијата напреднала толку многу, што станала достапна и за пошироката јавност наместо само за професионалците. Па, кога сè повеќе луѓе купувале сопствени камери, тие почесто овековечувале среќни моменти од животот.

Погледнете ги и овие 14 стари, но познати фотографии што го измамија светот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар