Значењето и историјата на црвената боја

Значењето и историјата на црвената боја

Автор: Ема Јакимовска

Црвената заедно со жолтата и сината е една од основните бои во спектарот и најчесто асоцира на крв, страст, опасност, оган. Сте се запрашале ли некогаш која е историјата на оваа боја и каде за првпат е забележена?Значењето и историјата на црвената бојаТоа е една од првите бои кои луѓето ја користеле во уметноста. Имено, во археолошко наоѓалиште во Јужна Африка биле откриени цртежи нацртани со железен оксид, кои датираат од пред 170.000 години.

Посветлата нијанса на црвено, подоцна наречена цинобер, настанала во неолитскиот период со сушење ситни инсекти по име Кермес Вермилио, па и оттука терминот вермилион, односно цинобер.

Во древна Кина пак, во периодот на културата Јангшао, 5000-3000 п.н.е, уметниците во грнчарските ракотворби употребувале црна и црвена боја.

Црвената, исто така била важна боја во антички Рим, каде имала важна религиозна симболика. Римјаните носеле тоги со црвени линии за време на празници, додека невестите на свадбите носеле црвена марама, наречена flammeum. Црвената се користела и во фарбањето на кожата на гладијаторите, како и во боењето на спомениците. Црвената боја била својствена и за армијата. Римските војници носеле црвени туники, а офицерите црвени наметки, кои зависно од квалитетот на бојата варирале меѓу темноцрвена, виолетовоцрвена и виолетова.Значењето и историјата на црвената бојаЦрвената боја во римската митологија пак, се поврзува со богот на војната, Марс, што уште повеќе ја потенцира врската помеѓу самата боја со религијата и армијата. Исто така, симболите на римската војска, со позлатените букви SPQR (Senātus Populusque Rōmānus), биле навезени на црвена основа, а на генералот пак, целото тело му го боеле во црвена боја како признание за високите достигнувања.

Асоцијацијата помеѓу црвената боја, боговите, војската е секако поврзана со пролевањето крв, и така доаѓаме до значењето на црвената боја во христијанската религија. Таму црвената боја  симболизира крв, војна, грев.

Во католичката религија пак, кардиналите носат црвено и тоа една од најпрепознатливите бои за целото свештенството. Поради големата поврзаност на црвената боја со облеката на кардиналите, една нијанса на црвено се нарекува кардинална црвена. Имено, кардиналите почнале да носат црвено во 1245-та година, кога Папата Инокентиј VI на кардиналите им дал да ја носат познатата црвена шапка. Оттогаш црвената боја е бојата на униформата на членовите на Светиот колеџ.Значењето и историјата на црвената бојаЦрвената боја, исто така, е најкористена во националните знамиња. Сè на сè таа претставува дворска љубов, страст и храброст од една страна, но и агресивност, опасност и омраза од друга. Оваа боја најсилно го опишува спектарот на човековите емоции.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар