Жени во брак признаваат зошто посакуваат да бидат сингл

Иако може да звучи како клише, најчесто се потврдува изреката дека луѓето секогаш копнеат по она што го немаат. Оние кои се сингл сакаат да пронајдат некој што ќе им го растрепери срцето и на некој начин ќе им го разубави секојдневието. Од друга страна пак, на оние кои се во врска, во брак, па дури и кои имаат деца, им изгледа прекрасна идејата да флертуваат и да користат апликации за состанување, каде што ќе најдат забава и ќе доживеат нови љубовни искуства. Овие 6 жени кои веќе се во брак, признаваат зошто би сакале да бидат сингл. Погледнете ги нивните изјави.

Мажени жени признаваат зошто посакуваат да бидат сингл

1. Ми недостига спиењето сама

„Ништо не е подобро од спиењето сама. Тоа е нешто што не ќе можете да го направите кога сте во врска или во брак, како што сум јас веќе четири години. Ми недостигаат деновите кога можев да го имам целиот кревет, па дури и целиот апартман само за мене. Делењето е тешко. Некои денови кога ми треба да бидам сама или пак очајно сакам да одам на спиење и да се испружам на креветот, имам голема желба да бидам сингл и себична.“ − Кариса С., 33 години

2. Никогаш не можев да користам апликации за состанување

„Ги гледам сите мои пријатели како ги користат овие апликации за состанување, па ми изгледа како нешто што би сакала да го испробам и јас. Го запознав мојот сопруг на старомоден начин: Лично во кафуле. Секако, изгледа како романтичен филм, но дел од мене посакува да можев да одам на состаноци сега, кога постојат повеќе опции и запознавањето луѓе е полесно. Сериозно се прашувам дали тој и јас би си одговарале на една од овие апликации за состанување и како би изгледале нашите профили. Интересно би било да го испробаме ова и да видиме дали се вклопуваме во денешниот свет, односно дали би биле заедно и со помош на овие апликации.“ − Холи Д., 31 година

3. Излегувањето во клубови би било позабавно

„Сакав да излегувам во ноќен клуб со пријателките, со група момчиња до нас што ги плаќаа нашите пијачки и со кои танцувавме цела ноќ. Сега кога одам и кога момчињата го гледаат мојот венчален прстен, веднаш помислувам дека сум здодевна. Ми недостига да бидам сингл и во можност да флертувам со некое жешко момче до 4 часот наутро.“ − Џина Л., 29

Мажени жени признаваат зошто посакуваат да бидат сингл

4. Ништо не изгледа толку добро како новата љубов

„Ах, ми недостига искрата на новата љубов. Ништо не изгледа толку добро како оние неколку први состаноци и сите оние исчекувања дали ќе му се допаднете или не, кога ќе ве бакне или само ќе го гледате неговото име на екранот на вашиот телефон. Ми недостигаат сите тие чувства. Кога сте мажени, сѐ е смирено и предвидливо.“ − Сузан Д., 30 години

5. Би се чувствувала повторно млада

„Бракот прави да се чувствувам стара. Можеби затоа што се откажав од обидот секогаш да изгледам убаво, или пак затоа што не се чувствувам убаво кога нема да добијам внимание од случајни момчиња, како што беше случајот кога бев сингл или изгледав така. Тоа е единствената причина зошто посакувам да не бев мажена, за да се чувствувам младо и добро во своја кожа повторно.“ − Дајен Б., 33 години

6. Би имала шанса да започнам одново

„Ќе бидам искрена и ќе кажам дека бракот не ми е добар. Не сум среќна и се надевам дека наскоро ќе се разведам. Една работа што се радувам е што ќе имам шанса повторно да бидам сингл и да започнам од нула. Тешко е повторно да се започне врска што е погрешна и што ве прави несреќни. Полесно е да ги започнете работите одново, со нова личност.“ − Вики Ф., 29 години

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар