Застрашувачки истражувања покажуваат дека поминуваме 6 часа дневно гледајќи во екран

Застрашувачки истражувања покажуваат дека поминуваме 6 часа дневно гледајќи во екран

Психолозите почнуваат да предупредуваат за штетната зависност која ја имаме од екрани, вклучувајќи ги смартфоните и телевизорите. Во едно истражување за употреба на екрани учествувале 2.000 возрасни лица. Резултатите биле анализирани од доктор Кики Лајтнер од Универзитетскиот колеџ во Лондон и наодите биле навистина загрижувачки.

Застрашувачки истражувања покажуваат дека поминуваме 6 часа дневно гледајќи во екран

Резултатите покажале дека времето поминато на екран имало влијание на однесувањето во врските, нивото на концентрација како и губење на допирот со реалноста.

За време на обичен викенд, просечната личност во Велика Британија поминува 6 часа гледајќи во екран, вклучувајќи смартфони, таблети, компјутери за работа и телевизори. Речиси четвртина од населението поминува и до 10 часа дневно гледајќи во екран, со ова живеејќи го поголемиот дел од животот во дигитален свет наместо низ реални искуства, како музички концерти и театри.

Доктор Лајтнер која сака да го нагласи негативното влијание на прекумерното користење екрани, изјавила:

„Ова истражување покажа дека 9 од 10 луѓе сметаат дека екраните се неопходен дел од секојдневниот живот, а повеќе од третина од луѓето сметаат дека не можат да живеат без екрани. Ова ја покажува нашата зголемена зависност од дигитални направи, но исто така ја поддржува идејата дека луѓето создаваат приврзаност кон направи како што се нивните телефони, а ова може да биде штетно.“

Истражувањето открило дека возрасните поминуваат многу повеќе од 2 часа дневно гледајќи во својот смартфон. Еден 20-годишен човек признал дека гледа неверојатни 6 часа дневно во својот телефон, а некогаш дури и подолго.

„Истражувањето покажа дека луѓето имаат потреба да бидат до нивниот телефон во спротивно искусуваат вознемиреност или разделеност – слично како приврзаноста што ја развиваме кон други луѓе. Овој вид приврзаност може да биде штетна на долгорочен план. Луѓето кои имаат постојан контакт и одобрување од мобилните направи може да ја зголемат својата зависност од другите, а ова има влијание и на нивното однесување и на нивните врски.“

Трендот „повеќе екрани“, односно гледање телевизија додека користите смартфон, таблет или лаптоп, исто така станува сè попопуларен. 6 од 10 испитаници изјавиле дека често користат и втор екран додека гледаат филм или некоја програма на телевизорот. Три четвртини изјавиле дека сурфаат на интернет, 56% ги листаат социјалните мрежи, а петина одговарале на имејлови од работа. Сепак, 7 од 10 луѓе во Британија изјавиле дека им се одвлекува вниманието и обрнуваат помалку внимание на она што го гледаат додека користат 2 екрани.

„Нашата зависност од екрани, понекогаш користењето и на повеќе од еден екран, има влијание на нашата концентрација. Користејќи повеќе направи можеби мислиме дека сработуваме повеќе, но всушност се концентрираме помалку. Правејќи работи кои нè оддалечуваат од екраните може да има позитивен ефект. На пример, одењето во театар е искуство што ве прави присутни. Надворешните стимули се отстранети, мобилните телефони се исклучени и неколку часа сте надвор од реалниот свет и од влијанието на екраните. Позитивните ефекти на театрите и перформансите во живо се присутни кај сите. Мозочната активност се зголемува кога се гледа перформанс во театар за разлика од гледање на екран.“

Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека треба помалку да го користите вашиот телефон.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар