Колач со капучино: Вкусен десерт кој освојува на прво залче!

Вистинските љубители на капучиното ќе уживаат во овој колач со капучино. Можеби нема да ви биде толку лесно да го приготвите, но крајниот резултат ќе се исплати за секој момент поминат во правењето на овој десерт!

Колач со капучино: Вкусен десерт кој освојува на прво залче!

Потребни состојки:
За пандишпанот:
  • 6 јајца
  • 90 грама шеќер
  • 50 грама брашно
  • 1,5 кесичка прашок за печиво
  • 2 лажици какао
  • 60 грама мелени бадеми
  • 50 милилитри рум
За филот од капучино
  • 700 милилитри млеко
  • 2 кесички прашок за пудинг од ванила
  • 2 лажици густин
  • 45 грама шеќер
  • 100 грама бело чоколадо
  • 2,5 лажици инстант капучино
  • 50 милилитри млеко
  • 150 грама путер
Начин на подготовка:

Подготовка на пандишпанот. Во поголем сад ставете јајца, додадете шеќер и матете со миксер додека не се растопи шеќерот. Додадете брашно, прашок за печиво, какао, мелени бадеми и мешајте со голема лажица додека не се соединат состојки. Тестото префрлете го во тепсија обложена со хартија за готвење. Печете го 30 минути во рерна загреана на 200 степени Целзиусови.

Подготовка на филот со капучино. Ставете 500 милилитри млеко во тенџере на шпорет. Остатокот од млекото ставете го во мензура и додадете густин, прашок за пудинг, шеќер и помешајте со лажица за матење. Додека мешате, додавајте ја смесата од мензурата во зовриеното млеко. Кога кремот ќе ја добие потребната густина, тргнете го тенџерето од шпорет.

Ставете 50 милилитри млеко во тенџере на шпорет за да се загрее. Додајте го белото чоколадо и инстант капучиното и мешајте. Кога ќе се растопи чоколадото, тргнете го тенџерето од шпоретот. Во тенџерето со изладениот крем додајте ја изладената смеса од капучино и матете со миксер додека филот не стане пенест. Додајте ја содржината од тенџерето и матете со миксер додека не се соединат состојките. Извадете го пандишпанот од тепсијата, отстранете ја хартијата и исечете го на 3 еднакви ленти.

Првата лента ставете ја на тацна, попрскајте ја со рум и премачкајте ја со фил. На филот ставете ја втората лента, попрскајте ја со лимон и премачкајте ја со фил. Ставете ја и третата лента, попрскајте ја со рум и целиот колач премачкајте го со фил. Исечете го колачот на парчиња и послужете го. Уживајте во слаткиот и неодолив вкус!

Подгответе ја и оваа брза и лесна капучино торта.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар