Заработуваат милиони, трошат уште толку: Дознајте кои се најплатените луѓе во светот

Заработуваат милиони, трошат уште толку: Дознајте кои се најплатените луѓе во светот

Како и секоја година претходно, така и оваа магазинот Форбс ја објавил својата традиционална листа за најплатените луѓе од јавниот живот. Период на заработка што се набљудувал бил помеѓу 1 јуни 2017 година и 1 јуни 2018 година.

На врвот на овогодишната листа се нашол боксерот Флојд Мејведер, со заработка од неверојатни 285 милиони долари. На второто место е познатиот актер и филантроп, Џорџ Клуни, кој пак, заработил високи 239 милиони долари.

Третото место ѝ припаднало на ѕвездата од реалното шоу Кајли Џенер, со заработка од 166 милиони долари, додека пак, славната телевизиска судијка Џуди Шајндлин се наоѓа на четвртото место со заработка од 147 милиони долари.

Меѓу првите пет се нашол и Двејн Џонсон, поранешниот професионален борач, и сегашен актер и продуцент, без кој едноставно не може да постои оваа листа. Неговата заработка во претходната година била 124 милиони долари.

Неверојатно, се согласувате? Можеби ќе ве интересира и кои се 10-те најплатени Инстаграм профили?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар