10-те најплатени Инстаграм профили

10-те најплатени Инстаграм профили

Водењето блог некогаш било начин да ја зголемите вашата самодоверба. Но денес супермоделите имаат профили со илјадници следбеници и знаат како да ги претворат лајковите во пари. Погледнете ги 10-те најпопуларни Инстаграм профили кои им носат милиони на сопствениците. Овие луѓе навистина знаат како да го претворат своето хоби во добро платена кариера.

1. Даниел Бернстајн

(1)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mk

25-годишната дизајнерка се прославила кога го почнала блогот We Wore What. Нејзиниот блог брзо се прославил, како и нејзиниот Инстаграм профил. Сега со повеќе од 1,7 милиони следбеници на Инстаграм, таа е една од најпознатите модели. Иако не сака да зборува за пари, таа заработува речиси 15.000 долари од објава.

2. Кијара Ферањи

(2)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mk

Блогот на Италијанката Кијара, The Blond Salad, се наоѓал на врвот речиси 9 години. Ако ги разгледате нејзините фотографии ќе ја забележите трансформацијата од непозната русокоса со брендирани чанти до вистинска стилска икона. Денес нејзиниот Инстаграм профил има речиси 10 милиони следбеници, а секоја спонзорирана објава ѝ носи илјадници долари. Нејзината годишна заработка е околу 8 милиони долари.

3. Венди Нгујен

(3)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mk

Венди завршила психологија и станала многу позната модна блогерка на Твитер, Фејсбук и Јутјуб. Нејзиното видео насловено „25 начини за носење шал во 4,5 минути“ (25 Ways to Wear a Scarf in 4,5 Minutes) е прегледано над 25 милиони пати. Нејзиниот Инстаграм профил има 1 милион следбеници. Иако нема податоци за нејзината годишна заработка, се претпоставува дека таа изнесува околу 1 милион долари.

4. Брајанбој

(4)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mk

24-годишниот блогер од Филипините почнал да објавува фотографии со патување, а потоа го пренасочил своето внимание кон модата. Неговите интересни објави привлекле илјадници следбеници речиси веднаш. Bryanboy е познат по неговите уникатни модни комбинации. Многу познати модни дизајнери се пријатели со овој блогер.

5. Ејми Сонг

(5)10-te-najplateni-instagram-profili-kafepauza.mk

Оваа блогерка и дизајнерка на ентериер има блог со име Song of Style. Таа ги објавувала своите дела бесплатно, но кога се прославила решила да ги претвори нејзините идеи во пари. Ејми работи со познати дизајнери, а нејзиниот Инстаграм профил со 4,6 милиони следбеници ѝ носи голема заработка.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар