Запознајте го Вајли, најслаткото куче далматинец со срце на носот

Ова симпатично кученце ги освои срцата на луѓето ширум светот со неговата уникатна шара во срцеста форма која се наоѓа токму на неговото мало носе.

(8) zapoznajte-go-vajli-najslatkoto-kuche-dalmatinec-so-srce-na-nosot-www.kafepauza

Едногодишното кутре веќе има над 120.000 фанови на Инстаграм и неговата сопственичка Лекси Смит тврди дека фотографиите не можат целосно да ја прикажат неговата убавина.

(1) zapoznajte-go-vajli-najslatkoto-kuche-dalmatinec-so-srce-na-nosot-www.kafepauza

Таа вели дека нејзиниот најдобар пријател е 24 килограми несмасна, гладна, разгалена, љубопитна, луда, дива и среќна љубов.

(2) zapoznajte-go-vajli-najslatkoto-kuche-dalmatinec-so-srce-na-nosot-www.kafepauza

Семејството Смит живее во Колорадо, а малиот Вајли бил донесен во нивниот дом на празникот Св. Патрик во 2018 година. Лекси изјавила дека имала тешкотии при изборот, бидејќи тој бил 11-тиот член од неговото легло, од кое 8 биле машки.

(3) zapoznajte-go-vajli-najslatkoto-kuche-dalmatinec-so-srce-na-nosot-www.kafepauza

Иако формата на срцето била таму и кога бил малечок, сепак не била комплетно оформена. Но, тоа што ја натерало да го избере него, било што фармерот ѝ рекол дека сè што правело кутрето било спиење, гушкање и јадење, па таа помислила дека тие се слични со оглед на тоа што имале многу заеднички омилени работи.

Погледнете дел од најслатките фотографии на Вајли…

(9) zapoznajte-go-vajli-najslatkoto-kuche-dalmatinec-so-srce-na-nosot-www.kafepauza

(7) zapoznajte-go-vajli-najslatkoto-kuche-dalmatinec-so-srce-na-nosot-www.kafepauza

(6) zapoznajte-go-vajli-najslatkoto-kuche-dalmatinec-so-srce-na-nosot-www.kafepauza

(5) zapoznajte-go-vajli-najslatkoto-kuche-dalmatinec-so-srce-na-nosot-www.kafepauza

(4) zapoznajte-go-vajli-najslatkoto-kuche-dalmatinec-so-srce-na-nosot-www.kafepauza

Запознајте го и Хантер, кучето што црта апстрактни ремек-дела.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар