Вистинска приказна: Кучето кое чекало 4 дена на еден мост и гледало во водата

Оваа фотографија од кучето кое седи до оградата на еден мост во Кина ги стопли дури и најстудените срца. Сведоци велат дека кучето го чека неговиот сопственик после трагедијата што се случила на 30 мај. Кога минувачите пробале да го одведат, кучето бегало.

На ова место неговиот сопственик си го одзел животот. Фотографијата ја направил еден минувач откако го забележал кучето. Тој имал намера да посвои куче и пробал да го однесе дома, но кучето избегало.

Вистинска приказна: Кучето кое чекало 4 дена на еден мост и гледало во водата

Директорот на друштвото за заштита на животните во Вухан ја видел објавата на човекот и почнал да го бара кучето со помош на волонтери. Тој вели дека побарале од службениците на мостот да проверат што точно се случило. На надзорните камери не можело да се види добро, бидејќи било мрачно. Сепак, можело да се види доволно дека човекот се самоубил со скокање од мостот, а кучето останало да гледа во водата со денови.

Друштвото за заштита на животните издало изјава за сите волонтери, дека додека не се најде кучето, тие нема да престанат со потрагата. Веста стигна и до социјалните мрежи каде сите се соединија што поскоро да го пронајдат кучето. Директорот вели дека е срамота такво верно куче да остане на улицата, а ние се согласуваме со тоа.

Прочитајте за овој зајак без крзно што бил спасен од еутаназија сега живее како ѕвезда на социјалните мрежи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар