Виолетов шешир: Поучна приказна за сите жени

Жените отсекогаш имале проблем кога се гледале себеси во огледало. Наместо да се фокусираат на тоа колку се прекрасни, тие постојано бараат маани и ги преувеличуваат недостатоците. За среќа, како што поминуваат годините, така тие полека учат дека не е сè во надворешниот изглед. Прочитајте ја оваа прекрасна поучна приказна што ќе ви ги отвори очите уште денес и ќе ве натера да се погледнете во сосема ново светло…

На 3-годишна возраст, таа се погледнува во огледалото и гледа принцеза. На 8-годишната возраст, таа се погледнува во огледало и ја гледа Пепелашка. На 15-годишна возраст пак, ја гледа грдата сестра на Пепелашка и се затвора во себе, плашејќи се да излезе надвор од безбедноста на својот дом.

На 20-годишна возраст, во огледалото гледа премногу дебела или премногу слаба, премногу висока или премногу ниска личност со премногу кадрава или премногу рамна коса. Но, сепак издвојува време да се облече, да се нашминка и да ја собере косата на тој начин што ќе ги скрие сите недостатоци и одлучува да излезе надвор.

На 30-годишна возраст, таа повторно гледа во огледало премногу дебела или премногу слаба, премногу висока или премногу ниска личност со премногу кадрава или премногу рамна коса. Но, почнува да разбира дека нема време да ги „поправа“ сите тие недостатоци и самоуверено излегува надвор.

Кога ќе стигне до 40-тата година, таа се погледнува во огледало да провери дали сè што носи на неа е чисто и испеглано. На 50-годишна возраст, се погледнува во огледало и се гледа себеси во вистинско светло, носи нешто удобно и едвај чека да излезе надвор.

Во 60-тите години, додека се гледа во огледало размислува на сите оние луѓе што веќе воопшто немаат потреба од тоа. Излегува надвор и го освојува светот. На 70-годишна возраст, таа во огледалото гледа мудрост, насмевка и неверојатни способности, па излегува и ужива во животот во целост. На 80 години – поминува покрај огледалото и воопшто не се занимава со него. Таа само го става виолетовиот шешир на глава и излегува за да ужива во светот.

Прочитајте уште една прекрасна поучна поучна: Зошто жените плачат?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар