Вие сте диви, природни и прекрасни и време е да почнете да се сакате себеси

„Самите вие, исто како и секоја друга личност во универзумот, ја заслужувате својата љубов.“ – Буда

Сакањето себеси не ве прави вообразени, туку неуништливи. Често забораваме колку е важно да направиме пауза од светот и секојдневието и да се запрашаме што е она што навистина го сакаме. Ние сме студенти, соученици, работници, сестри, браќа, пријатели, родители… Но, кои сме за себе? Ако не можете да кажете дека најдобриот однос го имате со личноста која ја гледате во огледалото, тогаш време е да тргнете на патување до внатрешниот мир.

Вие сте диви, природни и прекрасни и време е да почнете да се сакате себеси

Да се сакаме себеси значи да ја знаеме својата вредност. Да ги цениме своите достигнувања. Да ги прифатиме нашите несовршености и маани. Да разбереме дека ние сме главните шефови на нашите животи и не можеме да бидеме успешни додека не ги совладаме врските во своите срца.

Тоа не е лесна работа, но не е ниту невозможна. Тоа е нешто што бара време. Разбирање како да ги ставиме своите потреби пред да ја подариме својата љубов на другите. Да си го дадеме себеси не само она што го посакуваме, туку и она што го заслужуваме. Да заминеме од работите кои немаат смисла. Да простиме на оние кои нѐ повредиле и да запомниме дека има почеток во секој крај.

Најдете ги оние мали моменти низ вашиот секојдневен живот каде целта е само да бидете тоа што сте. Исклучете го телефонот и прочитајте книга. Исклучете се од светот околу вас и дишете длабоко. Допрете до својот ум и отворете го срцето кон сите. Кога ќе сфатите дека сте незапирливи, ќе увидите и искусите неверојатни работи.

Пронаоѓањето на овие моменти е она што го прави животот убав и вреден за живеење.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар