Астрологијата ни ги открива најпаметните хороскопски знаци

Астрологијата ни ги открива најпаметните хороскопски знаци

Во хороскопот најчесто се бараат најдобрите љубовници, најверните пријатели, луѓето чии знаци носат најлоши карактеристики, но сте се запрашале ли кои се најпаметните и најснаодливите хороскопски знаци кои имаат потенцијал да бидат вистински генијалци?

Астрологијата ни ги открива најпаметните хороскопски знаци

Како едни од најпаметните се сметаат воздушните знаци, односно Близнаците, Вагите и Водолиите. Близнаците имаат брилијантни умови, Вагите се фантастични во односите со луѓето, додека Водолиите имаат мозоци на научници поради што го гледаат светот многу поразлично од другите.

Земјините знаци, односно Бикот, Девицата и Јарецот, ја покажуваат својата интелигенција во способноста да створат удобен живот исполнет со најразлични материјални добра. Биковите тоа го покажуваат со напорната работа и трудот, Девицата со совршената организација и преголемата аналитичност, а Јарецот со својата вештина сѐ да држи под контрола.

Огнените знаци својот памет го покажуваат низ способноста да поседуваат голема животна сила. Овенот е самостојна индивидуа полна со неспоредлив истражувачки ентузијазам, Лавот никогаш не пропушта да ја покаже својата волја за лидерство, а Стрелецот има интуитивен жар кој не знае за граници.

Водените знаци, пак, се најсилни кога станува збор за емоционалната интелигенција. Ракот е грижлив и, иако е воден знак, има огнена волја и тенденција никогаш да не се откаже кога треба да ги заштити најмилите. Скорпијата ќе направи сѐ за да допре до сржта на работите, не грижејќи се за пречките на патот. Рибите едноставно ги сакаат сите луѓе, и сите луѓе ги сакаат нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар