Вести од Велигденскиот Остров: Откриена е нова статуа!

Вести од Велигденскиот Остров: Откриена е нова статуа!

Деневиве се рашири веста дека е пронајдена уште една монументална статуа на Велигденскиот Остров. Имено, на дното на исушеното езеро кое се наоѓа во кратерот на вулканот Рано Рараку пронајден е уште еден моаи – монолитни статуи кои се најпознатото културно и историско обележје на островот.

Вести од Велигденскиот Остров: Откриена е нова статуа!

Скулптурата била откриена на 21 февруари од научници од три чилеански универзитети кои работеле на проект за обнова на областа по пожарот во октомври 2022 година.

„Овој моаи има голем потенцијал за научни студии – станува збор за уникатно откритие бидејќи за првпат моаи скулптура е откриена во езеро во кратерот Рано Рараку“, се вели во соопштението.

Велигденскиот остров или Рапа Нуи, полинезиски остров во југоисточниот Тихи Океан, се наоѓа на околу 3.600 километри од Чиле и е заштитен национален парк и светско наследство на УНЕСКО. Холандскиот истражувач Јакоб Рогевен пристигнал на островот на Велигден во 1722 година, но првите жители на островот дошле од Источна Полинезија пред можеби илјада години, а моаите биле создадени во периодот од околу пет века, помеѓу 13 и 18 век. Тие ги претставуваат предците на островјаните и се дел од полинезиската традиција на обожување на предците. Денес на островот живеат околу осум илјади луѓе и илјада (откриени) монолитни статуи.

„Новиот“ моаи допрва треба да помине низ разни анализи, а засега е познато дека е помал од скоро сите други статуи на островот – висок е само малку повеќе од метар и половина. Најголемиот, наречен Моаи Паро, е висок 10 метри и тежи повеќе од 80 тони.

Археолозите се надеваат дека новата статуа е увертира за други откритија бидејќи сега конечно ќе се открие што со векови се наоѓало на дното на езерото.

Откако прочитавте за најновата статуа откриена на Велигденскиот Остров, можеби ќе сакате да откриете и повеќе факти за племенитиот Велигденски остров.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар