Ваденско Море: Уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден

Ваденско Море: Уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден

Под влијание на плимата и осеката се формира Ваденското Море, еден од последните преостанати екосистеми од тој вид и големина. Морето се повлекува двапати на ден и остава огромни калливи пространства, со ширина до 40 километри. Овие природни процеси кои функционираат непречено формираат уникатни слики: во еден момент ќе наидете на огромно калливо пространство, а во следниот сè ќе биде покриено со вода.

Ваденско Море: Уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден

Ваденското Море се протега по должината на бреговите на Данска, Германија и Холандија, а овој феномен е признат од УНЕСКО како светско наследство, затоа што никаде во светот нема таков променлив предел во кој има толку многу живот.

Со оглед на непредвидливите временски услови, не е лесно да се преживее таму, и токму затоа растенијата и животните кои живеат во Ваденското Море се исклучителни.

Многубројни растителни и животински видови живеат во ритамот на плимата и осеката, ветрот и песокот. На морските ливади расте трева, има солено мочуриште, се формираат плимни канали и може да се видат утоки, интересни речни корита, плажи и дини – во зависност од тоа дали ќе ги посетите за време на плима или осека.

Голем дел од Ваденското Море, особено во Холандија и Долна Саксонија (провинција во северна Германија), е покриен со острови кои формираат природни бариери и го прават пејзажот уште поинтересен.

Но, Ваденското Море не изгледало отсекогаш како што изгледа денес – контурите што ги има денес ги добило пред неколку илјади години, но крајбрежјето не престанува да се менува. Пред околу 10.000 години, Северното Море било практично суво. Тогаш, од Холандија до Англија можело да се оди пеш. Со текот на времето, силните ветрови донеле огромни количини песок во правец на Данска, Германија и Холандија, а Северното Море започнало да се полни. Тоа било на почетокот на холоценот. Брановите обликувале песочни ѕидови, а потоа се формирале морски канали, кои на крајот пораснале толку многу што во нив се создало море.

Иако природата играла голема улога во формирањето на Ваденското Море, и човекот учествувал на свој начин. За да се обезбедат безбедна почва за живот, луѓето граделе насипи околу ридовите за да ги заштитат добитокот и посевите од поплавување. Лицето на мочуриштето исто така се менувало со копањето кал од каналот.

Струите на Ваденското Море се силни, но не се насекаде исти. Колку е поголема разликата помеѓу плимата и осеката, толку е посилна струјата. На пример, во Холандија разликата помеѓу плимата и осеката е помала отколку во Германија и Данска. Ова значи дека струите во Холандија се послаби.

Исто така, островите се разликуваат по големината. Германските и данските острови се многу помали од холандските. Со поголемите разлики во плимата и осеката, повеќе вода поминува низ каналите и тие се пошироки. Во Холандија, морските канали се многу потесни отколку во Германија и Данска. Во секој случај, Ваденското Море е феномен кој вреди да се види барем еднаш во животот.

Ваденско Море: Уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден

Ваденско Море: Уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден

Ваденско Море: Уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден

Ваденско Море: Уникатно место на Земјата што изгледа различно секој ден

Прочитајте ги овие интересни факти за Мртвото Море што сигурно не сте ги чуле досега.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар