Ужасните предвидувања на Нострадамус за остатокот од 2017 година

Ужасните предвидувања на Нострадамус за остатокот од 2017 година

Некои луѓе велат дека тој никогаш не предвидел ништо и дека пишувал стихови кои можеле да се интерпретираат на разни начини. Други пак, веруваат дека Мишел де Нотр Дам, познат како Нострадамус, бил вистински гледач и можеби најважниот пророк кој живеел на Земјата.

uzhasnitepredviduvanja-na-nostradamus-kafepauza.mk

Во Франција, 1555 година, Мишел почнал за првпат да ги пишува своите чудни текстови кои биле полни со идеи кои никој не ги разбирал. Денес многумина тврдат дека овие стихови се предвидувања за идни настани на Земјата кои сигурно ќе се случат.

Предвидувајќи катаклизми и катастрофи стотици години пред да се случат, се верува дека Нострадамус ја видел целата иднина на човештвото, сè до неговата смрт, па можеби дури и после тоа. Но, дали Нострадамус навистина имал способност да ја гледа иднината? И ако да, како го правел тоа?

Според приказните, уште кога бил многу млад, Мишел имал некакви чудни визии. Тој гледал во сад полн со вода, и по некое време „добивал“ визии од иднината. Визии за катастрофи кои биле неизбежни…

И покрај тоа што многумина сметаат дека тој не предвидел ништо или пак, дека предвидувањата се резултат на погрешно толкување на неговите стихови, Нострадамус си има свои фанови кои се убедени во неговата моќ.

Слетувањето на Месечината

„Тој ќе патува до работ на Луна, каде што ќе биде фатен и заробен на чудна земја. Незрелото овошје ќе биде тема за голем скандал, голема вина, за една голема награда.“

Овде наводно станува збор за астронаутите кои патувале на Месечината, Луна. Тој, астронаутот, бил „фатен“ на филм. Нострадамус ја искористил фразата „Орелот“ како алузија за САД. Дали е случајност што американското месечево летало се вика „Орел“?

Нострадамус на некој начин успеал да го предвиди слетувањето на Месечината, убиството на Кенеди, Хитлер, нуклеарната бомба и нападите на кулите Близначки.

Нуклеарната бомба

„Небесната стрела која носи смрт: големо достигнување. Гордата нација спуштена од каменот во дрвото. Гласини од ужасните луѓе, донесуваат чистење, потоа промена.“

Нострадамус наводно го предвидел и претседателот Трамп

„Лажната труба (trumpet) која крие лудило ќе ја натера Византија да ги промени своите закони. Од Египет ќе дојде човек кој ќе го повлече указот, ќе ги промени парите и стандардите.“

Се верува дека Нострадамус имал многу да каже и за 2017. Војни, природни катастрофи и промени во идеологијата се само некои од предвидувањата од пред 460 години. Според оние кои ги проучуваат неговите стихови, ова се најпознатите предвидувања за во блиска иднина:

  • Кина ќе биде новата суперсила. До крајот на оваа година и почетокот на 2018, светот ќе гледа како оваа држава станува светска суперсила и како оваа азиска земја ќе го реши проблемот со економската нерамнотежа.
  • САД ќе стане невозможна за владеење. Сегашната власт на САД ќе направи пат за држава која не се владее. Нострадамус запишал и за „супер моќна склероза“, односно ера на распаѓање.
  • Голем земјотрес на Западот. Предвидувањето за голем земјотрес во западниот дел на САД е потврден од сеизмолозите кои предупредуваат за големите шанси за катастрофа во Калифорнија.
  • Војна, тероризам и нуклеарен холокауст. Според Нострадамус, војната за глобалното затоплување и намалувањето на природните ресурси ќе му помогнат на тероризмот. Тој за ова го користел терминот „жешки војни“. Тој исто така спомнал и „нуклеарен холокауст“ кој ќе го предизвика „раѓањето на Антихристот“.

Погледнете и некои од историските предвидувања кои навистина се оствариле.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар