Убавините на гратчето Аргаси на Закинтос

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logo

Погледнете ја понудата за Закинтос

Ако некогаш сте посакале да отпатувате на Закинтос, сигурно сте чуле многу за Лаганас и забавите за кои таму доаѓаат илјадници туристи од Велика Британија, Русија, Србија… Но, Закинтос нуди и многу повеќе од забави. Едно од најпрекрасните места на островот е гратчето Аргаси.

0-ubavinite-na-gratcheto-argasi-na-zakintos-kafepauza.mk

Гратчето Аргаси се наоѓа на источниот брег на Закинтос, на само 4 километри оддалеченост од истоимениот главен град на островот. Аргаси е еден од првите туристички центри на Закинтос кој го прослави островот и започна да привлекува илјадници туристи секоја година и тоа со добра причина…

2-ubavinite-na-gratcheto-argasi-na-zakintos-kafepauza.mk

Гратчето е подигнато во една раскошна, зелена рамнина, токму на средината помеѓу градот Закинтос и полуостровот Василикос. Веднаш зад Аргаси започнува да се издига планината Скопос, обрасната со недогледните борови шуми.

1-ubavinite-na-gratcheto-argasi-na-zakintos-kafepauza.mk

Центарот на Аргаси гравитира околу главната улица, која потоа се движи долж целото гратче и од двете страни е преполна со продавници, маркети, кафулиња, таверни, ресторани и сѐ што ќе ви биде потребно за удобен престој исполнет со уживање.

Плажата во Аргаси е долга нешто преку 1 километар. По нејзината должина се изградени најголем дел од сместувачките капацитети, што значително го олеснува движењето во секој дел од денот.

3-ubavinite-na-gratcheto-argasi-na-zakintos-kafepauza.mk

Убавината на Аргаси е претставена со уникатниот спој на планинскиот и приморски пејзаж, со борови шуми, но и палми; со можноста за забава до утринските часови, но и мирен семеен одмор; со гостопримливоста која ќе ве намами да се враќате повторно и повторно…

Летувајте со Игуана Турс

iguana-logoПогледнете ја понудата за Закинтос

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар