Понижувачки: Како ги третираат жените во некои земји додека имаат менструација?

Организацијата „Femme international“ објавила мапа на државите во кои менструацијата во 21 век сѐ уште претставува табу тема. Иако ова е нешто што ѝ се случува на секоја жена во светот, одредени религии и земји на тоа гледаат на многу чуден начин. На девојките неретко им е непријатно да зборуваат на оваа тема, но во овие земји, сигурно е многу потешко.

Жена со менструација, Непал

Жена во менструален циклус, Непал

Венецуела

Во руралните делови на Венецуела, жените мораат да спијат во шатори за време на нивната менструација.

Гана

Во руралните делови на Гана, на жените им е забрането да поминуваат време во иста куќа со мажите, како и да му готват, сѐ додека им трае менструацијата.

Исламските земји

По исламската традиција, жените кои имаат менструација не смеат да се молат, да го пипнат Куранот, ниту да постат.

Непал

Во зафрлените делови на Непал, на жените им е забрането да разговараат со кого било во текот на менструацијата, а тој период мора да го поминуваат во глинени куќи во шума, сѐ додека не им заврши.

Кенија

Жените од племето Масаи кои имаат менструација не смеат да молзат крави ниту да поминуваат време во шталата, за да не ги „заразат“ животните. Исто така, за време на траењето на циклусот, не смеат да јадат млечни производи.

Индија

Во Индија жена која има мензис не смее да допира крави.

Југоисточна Азија

Во многу заедници во Југоисточна Азија, жените кои имаат менструација не смеат да користат вода од истата чешма како останатите, како другите не би се заразиле.

2-ponizhuvachki-kako-gi-tretiraat-zhenite-vo-nekoi-zemji-dodeka-imaat-menstruacija-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Kiki Reply

    Бар ке се одморат од работење 🙂

  2. Elif İsra Reply

    Normalno e zenata so islamska veroispoved şto gubi krv da ne posti (vo islamot postot trae od razdenuvanje pa se do nok , ne se jadi nitu pie nişto) nema nişto ponizuvaçko vo toa naprotiv taa treba da se odmora i vo toj period ne e ZADOLZENA za drugi obredi kako namaz i dr …

    • Анѓела Reply

      Ок тоа, ама зашто да не смее да се моли ни да го допира Куранот ? Не е тоа дискриминирачки ?

      • Anonymous Reply

        ne e diskriminiracki …bidekji za da se molis treba da bides cista ,a za vreme na menstruacija ne si .istoto vazi i za dopiranje na Kuranot

  3. Riki Reply

    До Ангела
    Авторот сигурно не е запознат колку што треба со исламската вероисповед. Значи едно е молење а друго е извршување верски обред (Намаз). Значи нема никаква пречка да се моли жена која е во менструален циклус, меѓутоа не смее да изврши верски обред(Намаз), од фактот што не е чиста (како што не врши интимен однос жена од било која вера, додека е во менструален циклус).Инаку Куранот, е света книга, и истото важи и за обредот, односно човек треба да е чист, за да го допира и прочита.
    Имам впечаток дека по секоја цена се настојува да се прикаже исламот како вера кој врши дискриминација или понижување во однос на женскиот пол.Треба малку поинаку да се размислува.

Остави коментар