Трогателно и прекрасно писмо до жената која му го спасила животот

Ова писмо нè потсетува дека е доволна само една случајна средба за целосно да го промени нашиот живот. Станува збор за писмо од човек кој живее во Бостон и кое е наменето за една жена која тој ја запознал пред 43 години. Таа без да знае, му го спасила животот и токму затоа решил да го сподели своето искуство со светот, со надеж дека ќе ја пронајде. Тие се познавале само саат време и никогаш повеќе не ја сретнал, но го знаел нејзиното име и не престанал да се надева дека ќе ја пронајде.

Трогателно и прекрасно писмо до жената која му го спасила животот

Измачен од ужасите кои ги направил за време на војната во Виетнам, недела дена откако бил чесно отпуштен од војската, за време на дочекот на новата 1973 година, овој млад човек одлучил да си го одземе својот живот. Но, една случајна средба целосно му го променила неговиот живот. 43 години подоцна, тој решил да го објави ова писмо на Креглист со надеж дека конечно ќе ја пронајде жената која му го спасила животот.

Те запознав на дождот, последниот ден од 1972 година, истиот ден кога одлучив да си го одземам животот. Недела дена претходно учествував во напад и од авион испуштив 48 бомби. Колку домови уништив и колку животи завршив, никогаш нема да знам. Но, во очите на своите надредени, чесно ѝ служев на мојата земја и со такво одликување бев отпуштен од војската.

Утрото на последниот ден од старата година се најдов во пуст стан во Бостон. Откако испив шише алкохол, тргнав кон вратите и си ветив дека кога ќе се вратам, ќе го извадам од шкафот мојот пиштол и ќе си дадам крај каков што заслужувам. Со саати одев по дождот кој паѓаше како луд, надевајќи се дека тој ќе го измие чувството на вина, но тоа не се случи. Тргнав назад кон мојот стан.

Тогаш те здогледав тебе.

Се криеше под балконот на Old State House. Носеше балски фустан кој истовремено изгледаше и кралски и смешно. Кафеавата коса ти стоеше од десната страна на лицето, а рамената ти беа посипани со пеги. Никогаш во животот не сум видел нешто толку убаво. Кога ти се придружив под балконот, ти ме погледна со своите големи зелени очи и тогаш забележав дека си плачела. Те прашав дали си добро. Ми одговори дека си била и подобро. Те прашав дали би сакала кафе, а ти ми кажа да, ако ти се придружам и јас. Пред да успеам да се насмеам ти ја зграби мојата рака и ме одведе во Neisner’s. Седнавме покрај шанкот и разговаравме како да сме стари пријатели. Се смеевме со еднаква леснотија како онаа со која плачевме и додека ти јадеше пита од ореви ми призна дека си верена со човек кој не го љубиш.

Јас со тебе споделив многу повеќе одошто можев да замислам. Не го спомнав Виетнам, но почувствував дека сфати дека во мене се крие тежина од војна. Сепак, во твоите очи немаше сожалување и поради тоа ми се допадна.

По еден час зборување отидов во тоалет. Се сеќавам дека се консултирав со својот одраз во огледалото прашувајќи се дали да те бакнам и дали да ти кажам што направив пред недела дена од кокпитот на тој бомбардер. Додека се враќав кон шанкот срцето ми чукаше како чекан на лут судија и иднината, нашата иднина, ми прелета низ глава. Но, кога пристигнав до столчето тебе веќе те немаше. Немаше ни број од телефон, ниту порака. Ништо.

Колку што чудно почна нашето познанство, толку чудно и заврши. Бев претепан. Секој ден во текот на таа година се враќав во Neisner’s, но никогаш повторно не те видов. Иронично, твоето исчезнување толку многу ме мачеше што заборавив на тоа колку се презирам самиот себеси и идејата да си го одземам животот не ме привлекуваше толку колку одлучноста да откријам што се случи во тој ресторан. Никогаш не престанав да се прашувам.

Сега сум стар и дури неодамна прв пат се осмелив да ја раскажам оваа приказна, на еден пријател од Виетнам. Тој ми предложи да те побарам на Фејсбук. Му кажав дека сè што знам за тебе е твоето име и дека некогаш си живеела во Бостон. Дури и по некое чудо да налетам на твојот профил, не сум сигурен дека би те препознал. Времето по тоа прашање е сурово.

Isti taj prijatelj ima vrlo sentimentalnu kćer. Ona me dovela do ovog mjesta na internetu, Craigslist i Izgubljenih veza. I dok bacam ovaj virtualni novčić u kozmički zdenac želja čini mi se da, nakon što sam se milijun puta zapitao što bi bilo i nakon bezbroj neprospavanih noći, naša veza nije uopće bila promašena.

Истиот тој пријател има многу сентиментална ќерка. Таа ме доведе до ова место на интернет, на Креглист и Изгубени врски. И додека ја фрлам оваа виртуелна паричка во космичка фонтана, ми изгледа дека и откако по милион пати се имам запрашано што би било и по безброј неспани ноќи, нашата врска воопшто не беше грешка. Знаеш, во последниве 43 години водев добар живот. Љубев добра жена. Одгледав добар маж. Го видов светот. И ти опростив. И ти беше избор на сè тоа. Ми вдахна живот во моите бели дробови, едно врнежливо пладне и не можеш да замислиш колку сум ти благодарен.

Имам и тешки денови. Мојата сопруга почина пред 4 години. Синот година подоцна. Многу плачам. Понекогаш поради осаменост, а понекогаш не ни знам зошто. Понекогаш сè уште можам да го почувствувам мирисот од димот над Ханој. А потоа, неколку десетици пат годишно, добивам дар. Небото се смрачува, облаците го кријат сонцето и дождот почнува да паѓа. И јас се сеќавам.

Затоа, каде и да си била, каде и да си, каде и да одиш, знај го ова: Ти сè уште си со мене.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар